Центарот за анализи и истражувања на СДСМ својата работа ја темели врз континурано прибирање на информации (аналитичка евиденција), нивна обработка и соодветно толкување.
Аналитичката евиденција опфаќа следење на политичките настани и активности на политички субјекти на ниво на јавен настап, презентација на политички став, оперативно делување како и систематизација на податоци од истражувања. Обработката на информациите се врши врз основа на длабинска и системска анализа на конкретни прашања, аспекти и теми кои во себе ги вклучуваат политичките, економските, безбедносните, социјалните, етничките, културолошкките и религиските фактори.
Со современи аналитички методи, врз основа на овие сегменти, аналитика изработува анализи, извештаи, проценки и препораки кои ги доставува до раководството на СДСМ.
За сферите од својата работа Центарот за анализи и истражувања развива соработка, координација и консултација со експерти од Република Македонија но и од странство.
Директор на Центарот за анализи и истражувања на СДСМ е м-р Гордан Георгиев.
Контакт:
Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: gordan.georgiev@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија