E - Информатор

Статут

Со овој Статут Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги уредува: името, седиштето на Партијата; симболот и знамето на Партијата; политичките цели на дејствување, остварување на јавноста во работата и начинот на дејствување; условите и начинот на зачленување и престанокот на членството; правата, обврските и одговорностите на членовите; застапувањето и претставувањето на Партијата; органите на Партијата, начинот на нивниот избор и отповикување, траењето на мандатот и начинот на одлучување; стекнување и располагање со средствата, престанок на Партијата, како и други прашања од интерес на членството и работењето на Партијата.

Начела и цели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е самостојна политичка партија на слободни и одговорни членови кои дејствуваат заради остварување на следните основни политички начела и цели:

  • целосно почитување на човекот, неговото достоинство и неговите права и слободи, согласно највисоките цивилизациски и демократски придобивки;
  • развивање на демократијата и обезбедување еднаквост на граѓаните;
  • остварување на социјална и национална еманципација на граѓаните и изградба на општество на социјална правда;
  • обезбедување на економска демократија и заштита на правата од работа;
  • афирмација на правата и слободите на обесправените и маргинализирани поединци и групи и за рамноправност на половите;
  • развивање на пазарно и ефикасно стопанство и создавање услови за рамноправност на стопанските субјекти;
  • натамошна изградба на Република Македонија како суверена, демократска и правна држава;
  • остварување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија;
  • негување на културните вредности и историските придобивки на Македонија и на заедниците коишто живеат во нејзините граници;
  • втемелување и примена на европските вредности во Македонија и нејзино непосредно вклучување во европските и евроатланските интеграциони процеси;
  • почитување на антифашизмот како цивилизациска придобивка на современиот свет;
  • настојување за обезбедување на правата и слободите гарантирани со меѓународните документи за Македонците во соседните земји и развивање на постојана културна и духовна комуникација со нив и со иселениците.
Целосната верзија на Статутот можете да ја преземете овде.

СДСМ