|
Социјалдемократскиот сојуз од независноста па досега го потврди својот државотворен карактер и имиџ на партија која секогаш националните интереси ги става пред партиските. Од првите парламентарните избори па досега, СДСМ зазема значајно место во политичкиот живот на Република Македонија . На првите парламентарни избори Социјалдемократскиот сојуз, тогаш сè уште под името СКМ-ПДП, освои 31 пратеничко место и го зазеде второто место по освоени мандати, но со огромно влијание во клучните моменти за македонската држава кога се носеше Уставот на Република Македонија и се создадоа државните институции. СДСМ беше носител на првата политичка Влада на Република Македонија на чело со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски како претседател на Владата. Оваа Влада ја одигра клучната улога во периодот на првите години на независност во состојба на ембарга, санкции и меѓународна изолација. Како резултат на работата на Владата, Македонија беше примена во Организацијата на обидените нации и беше меѓународно призната под нејзиното уставно име од најголемиот број на држави. На внатрешен план, овој период беше период на реформи и воспоставување на пазарните принципи. На вторите парламентарни избори во 1994 година СДСМ во коалиција со ЛП и СПМ во Сојузот на Македонија освои 85 пратенички места, од кои 59 како политичка партија и беше носител на новата Влада – повторно со Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски како претседател на Владата. На претседателските избори, кои се одржаа заедно со парламентарните избори, кандидатот на Сојузот на Македонија Киро Глигоров победи во првиот круг. На локалните избори во 1996 СДСМ освои 54 градоначалнички места, со што се потврди како партија со најголема поддршка помеѓу граѓаните. На парламентарните избори во 1998 година СДСМ освои 27 пратенички места и беше најголема опозициона партија во Собранието на Република Македонија. Во овој период од четири години СДСМ го потврди својот државотворен капацитет и во клучните моменти за време на конфликтот влезе во Владата на национално единство. Како партија беше потписник на Охридскиот рамковен договор на 11 август 2001 и подоцна негов најпринципиелен поддржувач. На претседателските избори во 1999 година кандидатот на СДСМ Тито Петковски освои најголем број гласови во првиот круг, но во вториот изборен круг, по огромниот број нерегуларности, неправилности и кршења на изборните правила констатирани од сите релевантни меѓународни организации, претседателскиот кандидат Борис Трајковски беше избран за Претседател на Република Македонија. На локалните избори во2000 година СДСМ во коалицијата „За Македонија заедно“ издвои убедлива победа со освојување на градоначалничките места во сите поголеми општини и покрај големиот број на нерегуларности. Овие избори беа предвесник на големата победа на парламентарнитер избори 2002 година. На овие избори коалицијата предводена од СДСМ настапи под името „За Македонија заедно“ со заедничка листа и со освоени вкупно 60 места или 50% од бројот на пратеници во парламентот беше носител на новата Влада. Бранко Црвенковски како претседател на СДСМ беше избран за претседател на Владата која имаше за задача да ја стабилизира политичката, безбедносната и економската ситуација во државата и да го врати меѓународниот углед на земјата. Во овој мандат, додека СДСМ со своите коалициони партнери беше во Владата, Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ и е пред вратите на НАТО. На претседателските избори во2004 тогашниот претседател на СДСМ и претседател на Владата Бранко Црвенковски, со освоени повеќе од 550.000 гласови беше избран за Претседател на Република Македонија по убедливата победа над својот противкандидат Сашко Кедев. За нов претседател на Владата беше избран Хари Костов, а по вонредниот конгрес и изборот за претседател на Владо Бучковски тој стана новиот претседател на Владата во период 2004–2006 година. На локалните избори во 2005 СДСМ во коалицијата „За Македонија заедно“ освои 38 градоначалнички места со најголем број освоени гласови на градоначалничките и советничките листи во државата. На парламентарните избори во 2006 коалицијата „За Македонија заедно“ предводена од СДСМ освои 32 пратенички места со што партијата стана најголемата опозициона партија во државата. На предвремените парламентарни избори, кои за првпат од осамостојувањето на Република Македонија се одржаа на 1 јуни 2008-ма година, коалицијата предводена од СДСМ освои 27 пратенички места. СДСМ ги загуби локалните и претседателските избори во 2009-та година. Иако остварените резултати анализирани по разни параметри покажуваат намалување на соодносот со противникот и менување на расположението на граѓаните, тие не се доволни за победа на изборите. СДСМ директно освои градоначалници во Струмица (прв круг), Куманово (прв круг), Охрид, Карпош, Вранештица (прв круг), Ново Село, Дебарца (прв круг), во Македонски Брод победи кандидатот кој ја доби партиската поддршка или во гласови: СДСМ за градоначалници освои 307.014 гласови за разлика од ВМРО ДПМНЕ кој освои 431.303 гласови. СДСМ за советничките листи освои 213.772 гласови или 328 советнички места наспроти ВМРО ДПМНЕ кои освои 492 советнички места или 307.701 гласови. Во вториот круг на претседателските избори претседателскиот кандидат на СДСМ проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски освои 264.828 гласови наспроти неговиот противкандидат проф д-р Ѓорге Иванов кој освои 453.616 гласови. СДСМ донесе одлука за самостоен настап. Остварувањето на приближен број гласови на нашите советнички листи со бројот на остварени гласови како колаиција на изборите во 2008-ма и добивањето на поголем број советнички места од локалните избори во 2005-та кога настапуваваме во коалиција, покажува дека СДСМ го валоризира сопствениот политички бренд и јасно го истакнува сопствениот политички идентитет.
|