|
Лични податоци: Родена е на 27.07.1970 година во Скопје. Омажeна со Дејан Лошков. Образование: Во Скопје ги завршува основното и средното образование. Славица Грковска - Лошкова, магистер по математички науки, дипломира и магистрира на Институтот за математика на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Течно зборува англиски јазик. Професионална обука: Harvard University, John F. Kennedy School of Government; Executive Education, 2007 21st Century Governance: Critical Skills for Leading and Sustaining Innovative Organizations. Студиски престој на Институтот за математика и информатика при Бугарската академија на науките во Софија во рамките на германскиот ДААД проект “Center of Excellence for Applications of Mathematics” помеѓу институтите за математика во Скопје, Ниш, Софија и Благоевград. Професионална кариера: Во 1993 година работела како професор по математика во средното училиште ЖУЦ - ПТТ “Владо Тасевски” во Скопје Од 1993 до 1995 година била вработена во Народната универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје; Од 1995 до 1998 година работела како стручен соработник на Институтот за Математика при Природно - математичкиот Факултет во Скопје; Во 1998 избрана е за помлад асистент на Институтот за Математика при Природно-математичкиот Факултет во Скопје. Партиска кариера:
Еден од основачите на Социјалдемократската Младина на Македонија (СДММ). Од 1990 до 1998 година била Член на Претседателството на Општинската организација на СДСМ - Чаир. Од 1992 до 1995 година ја вршела функцијата претседател на Социјалдемократската Младина на Македонија. Од 1992 до 1998 година била член на Центаралниот Одбор на СДСМ. Од 1998 до 2003 година била член на претседателството на Градскиот Одбор на СДСМ во Скопје. Од 1998 до 2003 година била член на Претседателството на Општинската Организација на Гази Баба. На локалните избори во 2000 година била шеф на изборниот штаб на СДСМ за ИЕ 62. Иницијатор и реализатор од СДСМ на манифестацијата „ЗА повеќе жени во политиката“ на која лидерите на повеќе политички партии за прв пат потпишаа декларација за поголемо учество на жените во политиката. Политичка кариера:
Од 1996 до 2000 година е член на Советот на Град Скопје. Од 1998 до 2000 година е заменик координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. Од 2002 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2002 до 2006 година е заменик координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Македонија. Учествува на голем број семинари, форуми и конференции од значање за евроатланските интеграции, човековите права и правата на жените, меѓу кои се и: Во 2003 година е единствен претставник од Македонија на глобалниот форум „Win With Women: Strengthen Political Parties“ во организација на НДИ, Вашингтон - САД. Во 2005 година е учесник на серијата семинари за пратениците за ЕУ и НАТО и потребните чекори на РМ кон евроатланските интеграции во организација на Фондацијата Фридрих Еберт од Скопје. Во 2005 година е панелист на конференцијата „Women in politics and media“ во организација на Дојче Веле, Пактот за стабилност и НВО - „Hope for the future“, Косовска митровица, Косово Во 2008 година е панелист на ЈИЕ конференција „Science, Higher education and Innovation Policy Forum“ организирана од УНЕСКО, Будва, Црна Гора. Активности во Собранието: Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик претседател Комисија за европски прашања, член Комисија за образование, наука и спорт, член Комисија за култура, заменик член Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик претседател Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, претседател Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член Координатор на Клубот на пратенички.
|