E - Информатор

Потпретседатели


Зоран Заев

Потпретседател


Лични податоци:

Роден е на 8 октомври 1974 година во Струмица. Оженет со Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко.

Образование:

Дипломирал на Економскиот факултет – Скопје во 1997 година. Во моментов е запишан на постдипломски студии по монетарна економија и финансии на Економски факултет во Скопје.

Говори англиски и српски јазик.

Професионална кариера:

Професионалната кариера ја започнува како вработен во „Тргопродукт“ – Струмица во периодот од 1997 до 2003 година, а од 2001 бил и директор на истото претпрријатие. Бил член на управен одбор на штедилницата „Пеон“ (1998 – 2003), како и на Управен одбор на Индустријата за градежни материјали ”Еленица” (2001 – 2003). Во перодот од 2000 до 2003 година ја врши функцијата Претедател на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец” - Струмица.

Партиска кариера:

Член е на СДСМ од 1996 година, и оттогаш активно учествува во сите изборни циклуси. На парламентарните избори во 2006 година е назначен за шеф на Регионалниот изборен штаб за 4-та изборан единица. Во два мандати е избран за член на претседателството на ОО на СДСМ Струмица.

Во 2006 година е избран за потпретседател на СДСМ, а оваа функција ја врши до 2008 година кога е избран за в.д. претседател на СДСМ. На IX-тиот Конгрес на партијата повторно е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.

Политичка кариера:

Политичката кариера ја започнува во 2003 година како пратеник во Собранието на Република Македонија. На локалните избори во 2005 година избран е за градоначалник на Општина Струмица.

Добитник е на наградата за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно – приватно партнерство во Република Македонија, имплементирано во изградбата на објектот „Глобал”. Општина Струмица под негово водство е добитник на највисоко државно признание во областа на екологијата (2007 – 2008 година).

На локалните избори во 2009 година повторно е избран за градоначалник на Општина Струмица.

На локалните избори во 2009 година повторно е избран за градоначалник на Општина Струмица.

Контакт:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: zoran.zaev@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија



М-р Гордан Георгиев

Потпретседател


Лични податоци:

Роден е на 8 ноември 1978 година во Скопје.

Образование:

Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира и магистрира на политички науки и меѓународни односи на Институтот за политички науки во Париз, а вторите магистерски студии по европски интеграции ги завршува на Кралскиот колеџ во Лондон.

Гордан Георгиев има добиено неколку стипендии од француски фондации. Тој е прв лауреат на фондацијата Цетелем и францускиот Сенат.

Ги зборува течно англискиот и францускиот јазик.

Професионална кариера:

Гордан Георгиев до неодамна работеше како извршен директор на Форум- Центарот за стратегиски истражувања и документација. Истовремено, беше директор и на македонската Школа за политика, во рамките на регионалната програма на Советот на Европа којашто вклучува 15 други школи од регионот.

Работел и на проекти во Центарот за проучување на меѓународните односи од Париз (ЦЕРИ) и на мисии на фондацијата Шарл Леополд Мајер во Конго Бразавил.

Георгиев исто така има работено како консултант во Швајцарската агенција за развој како и на неколку владини проекти во Република Македонија.

Неговата експертиза вклучува работа на истражувачки проекти во областа на меѓутенички односи, регионални безбедносни прашања, консолидација на политичките партии, децентрализација и локална самоуправа.

Има публикувано трудови во меѓународни и домашни стручни политички списанија и е ко-автор на книгата „Реформирање на на сликата за политичките партии во Југоисточна Европа“.

Георгиев предава на Њу Јорк Универзитетот во Скопје.


Контакт:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: gordan.georgiev@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија



М-р Зоран Јовановски

Потпретседател


Лични податоци:

Роден е во Белград на 08 јануари 1965 година. Оженет со сопругата Даниела, а најмалиот член на семејството е Нина.

Образование:

Завршил економски факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1988 година. Во 1997 се стекнува со академска титула магистер по економија на Универзитетот на Арканзас, САД.

Добитник е на стипендијата Рон Браун, доделена од канцеларијата за информации на САД.

Професионална обука:

Во текот на досегашната професионална кариера посетувал поголем број семинари и конференции организирани од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Харвард универзитетот во САД, Банката за меѓународни порамнувања во Базел, Швајцарија, како и од централните банки на САД, Англија, Австрија, Израел, Швајцарија, Јапонската агенција за меѓународна соработка и Агенцијата за трансфер на финансиска технологија од Луксембург.

Има добиено сертификат за извршни банкарски директори при престижниот ИНСЕАД во Франција.

Професионална кариера:

Во текот на целата досегашна професионална кариера бил ангажиран во банкарскиот сектор. Во Народна банка на Република Македонија поминува цели 11 години, каде меѓу другото ја извршувал функцијата советник-координатор на гувернерот. Во НБРМ главно работел на прашања од макроекономската проблематика, но бил ангажиран и на прашања поврзани со финансискиот сектор, како генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.

Активен учесник во разговорите со мултилатералните финансиски институции и учесник на повеќе полугодишни и годишни собранија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Поминува 5 години во приватниот банкарски сектор, главно задолжен за прашања од корпоративното банкарство. Од почетокот на јуни 2009 година работи во Комерцијална банка АД Скопје како главен економист.

Контакт:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: zoran.jovanovski@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија



СДСМ