E - Информатор

Секретар

М-р Андреј Петров

Секретар на СДСМ


Лични податоци:

Роден е на 26. 05 1971 година во Скопје. Оженет е со сопругата Дева (доктор специјалист за радиотерапија и онкологија) со која има две деца, Јана и Марко.

Образование:

Во Скопје ги завршува основното и средното образование. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 1995 година со просечен успех 9,52.

Специјализирал во периодот 1997-2000 година на Медицинскиот факултет во Скопје, на предметот дерматовенерологија. Претстојувал на стручен претстој во Клиничкиот центар во Љубљана и на Универзитетската клиника во Гетеборг (Шведска).

Магистрирал 2002 година на ВМА во Белград (Србија).

Зборува англиски и италијански јазик и делумно француски јазик.

Професионална кариера:

Од 1996 година работи на Клиниката за дерматовенерологија. Специјалист-консултант е на болницата Ремедика во Скопје.

Партиска кариера:

Член е на СДСМ од 1998 година.

Бил заменик шеф на Изборен штаб на ОО СДСМ Карпош на парламентарни избори 2002 година, шеф на Регионалниот изборен штаб на ИЕ 1 во 2006 година на парламентарни избори, шеф на Градскиот изборен штаб на претседателски и локални избори 2009 год.

Бил секретар на ОО СДСМ Карпош во периодот од 2003 до 2005 година.

Во периодот од 2006 до 2009 година ја врши функцијата член на извршниот одбор на СДСМ.

Политичка кариера:

Бил избран и ја вршел функцијата градоначалник на Општина Карпош од 2003 до 2008 година.

Во периодот од 2005 до 2008 година ја врши функцијата претседател на заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), а воедно ја вршел и функцијата шеф на делегацијата на Македонија во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

Од 2008 е пратеник во Собранието на Република Македонија и шеф на делегацијата на Собранието на РМ во ОБСЕ.

Контакт:

Тел: +389 2 3293112
Факс: +389 2 3293114
Mail: andrej.petrov@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија

СДСМ