E - Информатор

Програма

ИМАМЕ РЕШЕНИЈА!

СДСМ е обединета околу своите темелни вредности: слободата, еднаквоста и солидарноста. Нашата нова програма е реална стратегија за севкупен развој на државата. Ние ги гледаме работите од перспектива на социјалдемократијата, но нашите главни мотиви и интереси се да ја направиме државата развиена и силна. Потребите на граѓаните се во фокусот на програмата, а основата е во економската и социјалната политика. Нашата политичка платформа и политичка стратегија се дел од новата програма.
Програмата е нашата визија за развој на државата!



Имаме решенија за најважните прашања со кои е соочена Македонија:

  1. обезбедување одржлив економски развој и справување со тешките социјални проблеми; 
  2. развој на демократијата и заштита на човековите права и слободи; 
  3. континуирано хармонизирање на меѓуетничките односи во земјата; 
  4. владеење на правото и ефикасно политички неутрално функционирање на државните  институции; 
  5. успешност на европските интеграции.

Преку новата програма покажуваме дека сме посветени на :

  • развој на демократијата, зголемување на слободата и промовирање на еднаквоста,
  • развој на економијата, стабилен животен стандард и намалување на сиромаштијата и невработеноста,
  • создавање на нов социјален договор, за намалување на социјалните разлики и зголемување на граѓанската партиципација,
  • зајакнување на институциите на системот преку воведување стандарди за професионалност и ефикасност,
  • промовирање на модел на корпоративно управување во креирањето и имплементирањето на политичките решенија, поголема соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, поголема соработка помеѓу власта и граѓаните,
  • негување на политичка култура на дијалог и толеранција, како инструмент за надминување на политичките, верските, етничките и сите други поделби кои постојат во Македонија,
  • целосна и успешна интеграција на државата во НАТО и ЕУ.

Преземете ја програмата на СДСМ

За да допринесете со вашите идеи кон подобрување на политичката програма посетете го форумот.


СДСМ