E - Информатор

Активности

На ден 05.09.2010 година (Недела), Локалниот клуб на СДММ од Центар, во соработка со заводот за трансфузилогија и Црвениот крст на Град Скопје, организираше крводарителската акција во просториите на Општинската организација на СДСМ во Центар. Оваа хумана акција ја поздравија и притоа се приклучија и голем дел од членовите и симпатизерите од ОО на СДСМ Центар.   Повеќе

Социјалдемократската младина на Македонија по повод првиот училишен ден, на малите првачиња, кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи, им упати искрени честитки со желби за убави школски денови исполнети со стекнување на многу нови занаења и дружење   Повеќе

На 27 август, Петок, во просториите на Локалниот клуб на СДММ Штип се одржа работилница на тема: “Закон за пристап до информации од јавен карактер”. Пред младите социјалдемократи од Штип зборуваше проф. д-р Ана Павловска - Данева, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и претседавач на Централниот одбор на СДСМ   Повеќе

Во периодот од 21 до 22 август 2010 година, Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ) во соработка со фондацијата Фридрих Еберт, Прогрес Институтот за социјална демократија и Алумни групата на политичката академија на Прогрес, во просториите на Општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, спроведе обука на тема: Зајакнување на капацитетите на младите.   Повеќе

На ден 21.08.2010 (сабота) во просториите на Општинската организација на СДСМ во Прилеп се одржa работна средба на прилепските млади социјалдемократи со Генералниот секретар на СДММ, Михаел Младеноски. На средбата, пред присутните, Младеноски ги презентира и образложи активностите и плановите за дејствување на СДММ во периодот кој следува.   Повеќе

Мотото на овогодинешниот Меѓународен ден на младите е „Дијалог и меѓусебно разбирање“.Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) на сите млади им го честита овој празник.   Повеќе

Во овој контекст, изготвивме посебна Програма во која низ серија од трибини ќе се обидеме да ги детектираме сите оние причинители кои на посреден или непосреден начин учествуваат во ширењето на ваквите социо-патолошки појави, пред се дрогата кај младите луѓе   Повеќе

Социјалдемократската младина и денес, како и секогаш, уште еднаш ја дава својата поддршка за борба против дрогата. Но, истовремено дава поддршка на сите невини и чесни граѓани, против кои власта гради политички монтирани процеси, само поради тоа што се нејзини неистомисленици   Повеќе

Младите учествуваа во панел дебата со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски на тема „Актуелната политичка состојба во Македонија - црти на поделба со политичките опоненти“. Претседателот Црвенковски во оваа прилика нагласи дека оваа тоталитарна власт на ВМРО ДПМНЕ мора час поскоро да си замине и СДСМ треба да биде подготвен да понуди решенија кои што ќе бидат имплементирани веднаш по превземањето на...   Повеќе

Претходни    1  2  3  4  5  6  7    Следни

СДСМ