E - Информатор

Меѓународна соработка

Меѓународната соработка, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја врши меѓународниот секретар кој одржува односи со Амбасадите на земјите акредитирани во Република Македонија, Мисијата на Европската Унија, ОБСЕ, други меѓународни организации присутни во земјата, невладини организации и институти во земјата и странство, сестрински партии, Партијата на Европските социјалисти и Социјалистичка интернационала.

На XXIII Конгрес на Социјалистичката интернационала, одржан во периодот од 30 јуни до 2 јули 2008 година во Атина, на предлог на СДСМ за нов потпретседател на Социјалистичката интернационала беше избрана Радмила Шекеринска.

Согласно Статутот на Социјалдемократскиот Сојуз, реализира и други активности и задачи по налог на Претседателот или Извршниот одбор на Партијата.

 

ЗОРАН ПОПОВ


МЕЃУНАРОДЕН СЕКРЕТАР


Роден 08.06.1975 година во Гевгелија. Оженет со сопругата Ана со која има две деца, Андреј и Софија. 
 
Образование: 
 
Основно и средно има завршено во Гевгелија. Дипломира  на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Течно го зборува англискиот јазик, а има основни познавања од француски и грчки јазик. 
 
Професионална кариера: 
 
Вработен во Министерството за надворешни работи на Република Македонија од 1998 година. Во периодот од 2003 до 2007 година работи како втор и прв секретар во Мисијата на Република Македонија при Европските заедници во Брисел. Во моментов работи како помошник раководител на Сектор во Директоратот за Европска Унија во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Партиска  кариера:  
 
Член на СДСМ од 1995 година. Оттаму, од 1995 година до денес учествувал во сите изборни кампањи на локално ниво.
 
Член на Дипломатскиот совет на СДСМ. За меѓународен секретар на партијата е избран на 17. 06. 2009 година од страна на Централниот одбор на СДСМ.

Контакт:

Тел: +389 2 3293112
Факс: +389 2 3293114
Mail: zoran.popov@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија


   


СДСМ