mchi

Најнови вести

Потпретседателот Манчевски дел од Советот на ПЕС во Лисабон

dbi

02.12.2017

Соопштение за јавност


Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, викендов е дел од најголемиот Совет на европските социјал-демократски партии- ПЕС, во Лисабон, Португалија.
Во рамки на учеството на Советот, Манчевски оствари повеќе средби со претставници на сестринските партии од регионот и Европа.

За предизвиците со кои се соочуваат социјалистичките партии на Балканот, Манчевски разговараше со Тања Фајон од Словенија, Сергеј Станишев од Бугарија и Давор Бернадиќ од Хрватска, а оствари и пријателска средба со претставниците на шведската делегација.
Потпретседателот Манчевски, за време на посетата на Советот , присуствуваше и на претседателството на ПЕС, како и на лидерскиот појадок со премиерот на Португалија, Антонио Кошта.
Манчевски оствари и билатерална средба со претседателката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова.

Заложбите на овогодинешниот Совет на ПЕС се Европа која ќе обезбеди силна социјална заштита за сите. Европа со фер економски развој и просперитет за сите, ослободена од дискриминација и полова рамноправност. Европа како безбедно општество со заедничка визија со светот.
Како заклучок, беа усвоени три резолуции. Резолуција за прогресивна иднина на Европа, Резолуција на заедничките кандидати на Европа и Резолуција за политичките затвореници во Турција.
На Советот учествуваат повеќе од 500 претставници на социјалдемократските партии во Европа.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени