mchi

Најнови вести

Кирацовски во посета на САД: Со успешните политики Македонија може да биде членка на НАТО и ЕУ

dbi

07.02.2018

Соопштение за јавност


Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, како пратеник, престојува во неколкудневна работна посета на САД.

Денеска, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт, од Републиканската партија.

На средбата разменети се мислења за односите меѓу нашите две пријателски земји, за состојбите и можностите да се унапреди соработката и комуникација во интерес на сите граѓани.

На средбата Кирацовски ги потенцираше реформите коишто Македонија интензивно ги спроведува, по промената на власта во земјава, и придобивките за граѓаните.

„Интеграција наместо поделби, заедништво наместо ривалство. Тоа се нашите принципи и вредности коишто не движат напред во спроведувањето на реформите. Веруваме дека со успешните политики коишто ги спроведуваме, Македонија може да биде членка на НАТО и на Европската Унија.“ рече Кирацовски.

Конгремсенот Адерхолт ја посочил поддршката од САД за Република Македонија и додал дека силно го поддржува членството на Македонија во НАТО алијансата.

Во рамки на посетата Кирацовски ќе присуствува и на Молитвениот појадок во Вашинготн, заедно со претставници на повеќе од 100 земји од светот, дипломати, конгресмени, како и Претседателот на САД.

Скопје, 07.02.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени