mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ беше окупатор на студентското организирање, измените на Законот ја враќаат моќта кај студентите

dbi

15.04.2018

Соопштение за јавност


ВМРО-ДПМНЕ има најмалку право да говори за автономија на студентското организирање.

ВМРО-ДПМНЕ е окупатор на студентското организирање, а целата домашна и меѓународна јавност можеа да видат како нивни послушници спроведуваат студентски избори. Со партиски насилници и специјална полициска единица која ги нападна студентите кои се бореа против нелегитимни, фингирани и нелегални избори за студентски лидер.

Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за автономијата на студентското организирање ќе го поддржеше предложениот модел на студентско организирање кој конечно става крај на партиската окупација во претставувањето на студентите.

Универзитетските и факултетските студентски собранија како тела на Универзитетот се вметнуваат во системот на организирање на Универзитетите и како такви го гарантираат слободно организирање и избор на студентски претставници. Моќта извира и се наоѓа на факултетите каде студентите поминуваат најголем дел од времето и се среќаваат со најголем дел од проблемите, а самиот модел гарантира независно учество на студентите во сите нивоа на одлучување на Универзитетите. Со ова се става крај на анархијата и корупцијата во студентското организирање, нешто што во ниту една дефиниција не значи автономија на студентско организирање.

Доказ дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков аргумент против ваквиот модел на студентско организирање е едниот амандман за ова прашање на Законот за високото образование кој воопшто не се однесуваше на начинот на избор на студентските претставници туку на начинот на распишување на студентските избори.

Предложениот модел и тоа ВМРО-ДПМНЕ добро го знаат се темели на децентрализација и враќање на моќта во рацете на студентите, наместо кај партиите за нивно претставување и креирање на политики на Универзитетите и факултетите.

 

Скопје, 15.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени