mchi

Најнови вести

Иванова: Мицкоски да не се крие зад однапред снимени изјави туку да одговори што го советувал Груевски

dbi

17.05.2018

Прес конференција,
Михаела Иванова, СДММ
Скопје, 17.05.2018


Почитувани,

Христијан Мицкоски повторно се крие од јавноста и не дава одговори за тоа што го советувал поранешниот премиер и негов претходник Никола Груевски.
Мицкоски бил еден од вкупно 91 советник на Никола Груевски коишто ги чинеле граѓаните на Република Македонија над 1.7 милиони евра.

За време на криминалното владеење на Никола Груевски се донесоа и реализираа многу погрешни одлуки коишто нанесоа штета на граѓаните и на државата.

Мицкоски треба да одговори дали го советувал Груевски десеткратно да се зголеми цената на струјата, колку што порасна цената на електричната енергија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски го советувал Груевски да се намали производството на електрична енергија за да се увезува струја по повисоки цени, заради лично богатење на поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски советувал да не се спроведуваат енергетските реформи заради заштита на одредни бизнис интереси?

Дали токму поради таквото советување на Мицкоски, Македонија доби две тужби и беше оценета со единица од Енергетската заедница?

Мицкоски да не се затскрива зад однаред снимени прес конференции туку јавно да излезе пред граѓаните и да даде одговори за неговата улога во креирањето и спроведувањето на погубните политики на неговиот претходник Никола Груевски.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени