mchi

Најнови вести

Костадинов: Граѓаните избираат иднина, Иванов останува изолиран во темното минато

dbi

03.08.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија,
03.08.2018, Скопје


Почитувани,

Вчерашниот ден уште еднаш покажа дека Ѓорге Иванов се води од лични и теснопартиски, а не од интересите на граѓаните и државата.

Додека целиот државен врв одлучно порача да тргнеме кон иднината, само Иванов повика да останеме заглавени во минатото на омраза, поделби, криминал и неказнивост.

Додека граѓаните ги славеа заедништвото и сплотеноста, Иванов разгоруваше и поттикнуваше меѓуверска и меѓунационална омраза како што тоа го прави со години.

Со тоа Иванов ги погази вредностите на илинденското востание и заседанието на АСНОМ.

Говорот на Иванов беше срам за илинденците, срам за сите што се жртвувале за идејата за слободна, независна република Македонија.

Со таквото антидржавно однесување, Иванов повторно покажа дека не е достоен за функцијата што ја извршува.

Почитувани,

Големиот празник вчера јасно покажа кој е иднината, а кој не влече назад кон темното минато.

Граѓаните и политичките партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, се обединија и избираат иднина наместо небиднина.

Иванов останува изолиран во своето антидржавно однесување, заглавен во минатото на криминал и неизвесност. Иванов останува на темната страна од македонската историја.

 

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени