mchi

Најнови вести

Законите и правилата важат за сите подеднакво, ВМРО-ДПМНЕ залудно бара амнестија

dbi

08.08.2018

Соопштение за јавност


Додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот, СДСМ, заедно со сите прогресивни сили, граѓани, здруженија, организации, обезбедува европска иднина за Македонија.

Залудно ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија. Законите, правилата, прописите важат за сите подеднакво.
Секој што ги прекршил треба да се соочи со одговорност согласно законите.
Нема повеќе недопирливи, нема избегнување од одговорноста.

ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да го разбере затоа што 11 години режимот на Никола Груевски создаде целосно погрешен и искривен систем во кој криминалот на фамилијата беше под заштита на институциите а се вршеше масовен политички прогон на неистомисленици, кршејќи ги основните човекови права и слободи.

Тоа време од црното минато на нашата татковина заврши. Граѓаните го поразија режимот. Македонија сега се гради како нормална, напредна, демократска земја каде институциите постапуваат согласно законските надлежности а правилата важат за сите подеднакво.

 

Скопје, 08.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени