mchi

Најнови вести

После 11 години криминално владеење тоа е речникот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што бара амнестија си зборува за мафија

dbi

09.08.2018

Соопштение за јавност


ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е синоним за криминал, корупција и бара амнестија, си зборува за мафија. Тоа речникот на оваа партија, после 11 години криминално владеење.

Времето на мафијашкото однесување и криминал заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ од власта.

Македонија се движи во правец на одговорно, отчетно и транспарентно владеење со почитување на прописите и законите.

Враќањето на правото и правната држава и неселективната борба против криминалот и корупцијата е императив за СДСМ и владата.

Секако дека постојат предизвици и дека е потребен и дополнителен ангажман.

Она што јавноста треба да го знае е дека деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, со бројните блокади на работата на Собранието, одложи дел и од значајните законски измени во оваа сфера, коишто се носат со 2/3 мнозинство.

Препораките на ГРЕКО се стари веќе четири и пол години. Истата оценка Македонија ја доби и ланската година.

Антикорупциската комисија, најслаба алка којашто е посочена во извештајот, е производ токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Секако не треба да се разберат овие факти како оправдување туку како обејктивни причини за кои СДСМ презема одговороност да се надминат, за да може препораките да се имплементираат како што е посочено.


Скопје, 09.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени