mchi

Најнови вести

Мисовски: Пратениците да ги поддржат уставните измени, имаме историска обврска, за членство во ЕУ и НАТО

dbi

12.10.2018

Прес конференција,
Горан Мисовски, пратеник од коалицијата предводена од СДСМ кој воедно е и потпретседател на Собранието на Република Македонија
Скопје, 12.10.2018

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Како пратеници исправени сме пред сериозна одлука, која што ја дефинира иднината на нашата држава, иднината на граѓаните, на идните генерации.

Имаме историска, генерациска обврска да го следиме гласот и желбата на огромното мнозинство граѓани и да ги реализираме врвните стратешки интереси на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Владиниот Предлог за пристапување кон уставни измени, како чекор од Преспанскиот Договор, е јавно достапен пред граѓаните, пред пратениците, пред јавноста.

Се потврди, со уставните измени не се губи ништо. Напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонскиот идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет.

Нашата одлука да гласаме за уставните измени го потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност.

Се обезбедува поцврста гаранција на границите и територијалниот интегритет.

Се обезбедува грижа за Македонците и иселениците од Македонија во странство, согласно меѓународните стандарди, без мешање во внатрешните работи на која било друга држава.

Почитувани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, преку парламентарната дипломатија заеднички ги браневме интересите на Република Македонија, бевме единствени и во Вашингтон, и во Брисел, и во Париз, и во Лондон и секаде го промовиравме ставот дека Република Македонија заслужува и треба да биде членка на НАТО и на ЕУ.

За многу прашања сме имале различни ставови, жестоко сме се расправале. Но за Евроатланскиот пат на Република Македонија секогаш сме имале единствен став.

Заеднички ги пребродивме и најтешките моменти во Собранието, а ги имаше многу.

Токму од тие причини ги повикувам сите пратеници во Собранието на Република Македонија да преземат одговорност за иднината на нашата држава и да ги поддржат уставните измени.

Упатувам апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните и заеднички да обезбедиме европска иднина за сите граѓани на Република Македонија.

Огромното мнозинството граѓани од над 80% се одлучи дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО.

Наша обврска и должност е овде во Собранието да ја реализираме волјата на граѓаните кои се изјаснија дека сакаат просперитетна и сигурна иднина во НАТО и ЕУ.

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени