mchi

Најнови вести

Економијата расте и се движи напред, раководството на ВМРО ДПМНЕ ќе ја сноси вината доколку се реализираат проценките на ММФ

dbi

12.10.2018

Соопштение за јавност


По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за краток период, успешните економски политики доведоа до тоа во вториот квартал од 2018 година, економијата, односно Бруто домашниот производ забележа раст од 3.1 отсто.

За споредба, само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, економијата забележа пад од - 1.3 отсто.

Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави долгорочни штети врз економијата и врз квалитетот на живот на граѓаните.

Со реални и одржливи економски политики на Владата предводена од СДСМ и враќањето на земјава на евро-интеграцискиот пат, во Македонија има раст на економијата но и на инвестициите.

Имаме рекордни износи на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие од годинава.

Растат странските инвестиции но расте и извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, платите се зголемуваат, расте индустриското производство, се зголемува бројот на работници во индустријата, државниот долг што го остави ВМРО ДПМНЕ е намален.

Во целиот овој период раководството на ВМРО ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ.

Раководството на ВМРО ДПМНЕ ќе ја сноси вината доколку се реализираат проценките на ММФ и Светска банка за намалување на проектираниот економски раст за годинава.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат изгласани.

Клучни за понатамошен раст и развој на економијата е стабилна политичката состојба, членството во НАТО и продолжување на процесот на преговори со ЕУ.


Скопје, 12.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени