mchi

Најнови вести

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

dbi

01.01.2019

Соопштение за јавност


Делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ, Даниела Маркоска, Форум на жени на СДСМ и Снежана Калеска Ванчева пратеничка во Собранието на Република Македонија, положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 7- годишнината од неговата смрт.

СДСМ, како и граѓаните на Република Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров за Република Македонија, кој изгради мостови на соработка и заедништво како во нашата држава, така и во светот и со тоа ги отвори перспективите за Македонија и сите нејзини граѓани.

Во интерес на иднината на граѓаните и на Македонија, СДСМ останува определена да ги негува и развива вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.

 

Скопје, 01.01.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени