mchi

Најнови вести

Пендаровски во Дебарца: Гласот за бројот 3 е глас за обединување, заедништво и напредок, одиме заедно напред во сигурна иднина!

dbi

19.04.2019

Соопштение за јавност


Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Дебарца, порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани.

- Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, истакна Пендаровски.

Во 2014 година, посочи Пендаровски, бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници. Пендаровски побара граѓаните да не дозволат другата политичка опција да ја врати државата назад, во темниот тунел на груевизмот, бидејќи тогаш и најмногу млади се иселени.

Претседателскиот кандидат Пендаровски, повика на максимална излезност на претседателските избори во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај.

- Гласот за бројот 3 е глас за обединување и заедништво! Затоа заедно напред кон сигурна иднина во ЕУ и НАТО, повика Пендаровски.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени