mchi

Најнови вести

Вистинските економски политики забележани од светот, највисок раст на странските инвестиции за 260 отсто

dbi

14.06.2019

Соопштение за јавност


Вистинските економски политики кои ги води Владата предводена од СДСМ и напредокот кон ЕУ и НАТО се препознаени и забележани од светот.

„Извештајот за инвестициите во светот 2019" на Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој јасно констатира дека Република Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во споредба со сите земји од Западен Балкан.

За само една година, стои во Извештајот во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто!

Од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година.

Покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец.

Извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе допринесат позитивниот тренд на економски раст да продолжи со зголемен интензитет.

Скопје, 14.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени