mchi

Најнови вести

Tасевска: За 2 години изградени 23 градинки, буџетот за изградба е зголемен за 300 отсто

dbi

15.06.2019

Прес конференција,
Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ,
Скопје, 15.06.2019

Почитувани,
Во првите две години од мандатот на Владата предводена од СДСМ реализирани се бројни мерки и проекти со кои ја унапредуваме детската заштита и ги подобруваме условите за детски развој и работа на воспитувачкиот кадар.
За две години изградени се 23 градинки.

Куманово, Валандово, Конче, Пласница, Чашка, Центар, Пробиштип, Карпош се дел од општините кои добија нови градинки во изминатите две години, а до крајот на годината ќе профункционираат 13 нови градинки.

Буџетот за изградба, адаптација и опремување на градинки за 2019 година е зголемен за 300 отсто, инвестираме и во објекти и во програми.

Нашата цел е за 4 години да го зголемиме опфатот на деца во градинките за 50%.Секое дете ни е важно.

Покрај изградбата на нови и проширување на постоечкиот капацитет, постојано се вложува во зајакнување на капацитетите и подобрување на условите за работа на кадарот во градинките.

За 75% го намаливме бројот на деца сместени во институции. Сите деца од специјалниот завод Демир Капија и од установите „25 Мај и 11 Октомври веќе живеат во мали групни домови или згрижувачки семејства.

За само една година, реализирани се 1.000 вработувања во градинките, а од нив дури 900 се на неопределено време со што се обезедува сигурност и стабилност на работното место.
Платите за вработените во градинките ги зголемивме за 5 отсто и ќе продолжат да растат.
Почитувани,

Во изминатите две години покажавме како се работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните. 

Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат уанпредување на детската заштита, нови работни места и повеќе пари за граѓаните.

Одговор на новинарско прашање,
Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ,
Скопје, 15.06.2019

П1: Дали може за пописот да ни кажете, ззошто, опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинува дека власта го турка пописот без консултации со опозицијата и дека е потребно усогласување меѓу власта и опозицијата за пописот?

- Интересно прашање коешто во послениов период е особено во фокусот на вниманието, морам тука да кажам дека непотребно се прави премногу политика од еден процес или операција којашто е статистичка. Нашата земја како претендент и како идна членка на ЕУ, мора да ги задоволи сите потребни стандарди меѓународни коишто меѓудругото предвидуваат нели и попис на населението. Опозициската партија, ВМРО ДПМНЕ навремено беше вклучена во сите потребни работи коишто беа во однос на носење предлог законот којшто сеуште не е во Собраниска процедура и затоа мислам дека нивните обвинувања се навистина невистинити и дека едноставно не се точни.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени