mchi

Најнови вести

Големи инвестиции во инфраструктурата во Штип и регионот, градиме по план

dbi

10.09.2019

Прес конференција, Македонка Николовска - Секретар на ОО СДСМ Штип

 

Почитувани,

Инвестициите во инфраструктурата се врвен приоритет на власта предводена од СДСМ. Во овој момент водиме инвестициски циклус од 850 милиони евра вложени во патната инфраструктура насекаде во државата.

Се градат и рехабилитираат 500 километри патишта, се одвива изградбата на 4 експресни патишта, од кои два во нашиот регион, а исто така започната е постапка или градба на 3 (три) автопатишта.

Исто така, правиме и реконструкција на постоечките патишта, кои 50 години, од времето на Тито, не биле ни допрени.

Колку за споредба, претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 12 години на власт направиле 650 километри, а ние од СДСМ во само една година правиме 500 километри патишта. Разликата е евидентна.

Циклусот на изградба и модернизација на патната мрежа во Источниот регион опфаќа инвестиции од преку 330 милиони евра и вклучува изградба на еден автопат, два експресни патишта и рехабилитација на преку 20 регионални патни правци во регионот.

Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем, граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари.

 

Експресниот пат Штип-Кочани е инвестиција вредна 18 милиони евра, а има извонредно значење за граѓаните, особено за земјоделците и оризопроиводителите, на кои ќе им овозможи да се движат полесно и да имаат подобар пристап до нивите, а од нивите и до откупните центри.

Експресниот пат Штип-Радовиш е инвестиција од 2,4 милиони евра, а овој проект се очекува да биде реализиран порано од предвиденото.

После долги години, успеваме да го решиме проблемот со водоснабдување во касарната во Штип.

Жителите на населбата Балканска, кои досега користеа техничка вода и купуваа вода за пиење од продавница, конечно добија чиста вода за пиење од градскиот водовод. Изградивме околу 2 километри транзитна и секундарна линија, со што ја комплетиравме првата фаза со инвестициона вредност од околу 300.000 евра.

Обезбедивме изградба на брана на реката Отиња.

Остваруваме напредок во гасификацијата на нашата општина.

Реконструиравме или изградивме околу 40 улици во Штип.

Го финализираме новиот мост на река Брегалница.

Почитувани,

Ова се само дел од досега спроведените мерки што го унапредуваат и подобруваат секојдневниот живот на граѓаните во државата.

Изградбата на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот се врвен приоритет за СДСМ.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени