mchi

Најнови вести

Реализацијата на проектите во здравствениот систем во Гевгелија се на прав пат

dbi

17.10.2019

Прес конференција, ОО СДСМ  Гевгелија

 

Почитувани граѓани на општина Гевгелија,

За доброто на граѓаните СДСМ работи посветено и одговорно.

Резултатите се плод на таа посветена работа.

Здравјето на граѓаните е приоритет за нас, а пак успешен здравствен систем е систем кој има идеи и реализира проекти за подобри здравствени услуги на граѓаните и здраво општество.

Почитувани,

Реализацијата на проектите во здравствениот систем во нашиот град се НА ПРАВ ПАТ!

Имено Општата Болница- Гевгелија, со средствата наменети за инвестирање во здравството покажа и докажа дека сме на вистинскиот пат.

Денес Општата Болница во Гевгелија е вистинско градилиште.

За прв пат после повеќе од 40 години комплетно е сменета столаријата во Невропсихијатриското одделение во гевгелиската општа болница.

Денес пациентите и вработените во Општа болница -Гевгелија се чувствуваат пријатно во :

-комплетно реновираните специјалистички амбуланти,

- во целосно реновираните болнички соби во Физикалната терапија,

-во уредениот парк во дворот на болницата,

Исто така безбедноста во сообраќајот е реализирана. Обновени се и уредени 2-та паркинг простори со помош од Општината и Градоначалникот Поцков.

Здравствениот систем е НА ПРАВ ПАТ.

Младите лекари имаат одлична можност да ја градат својата иднина инвестирајќи во знаење и квалитетни услуги. Доделените специјализации на младите лекари од Гевгелија оваа година како и предвидените специјализации за 2020 година се влог за животот на здравствениот систем и за грижата кон граѓаните на општина Гевгелија да имаат квалитетно здравство.

Платите во здравството растат. Медицинските сестри добиваат плата повисока за 5%, а лекарите за 10%.

Добиениот проект на Општата Болница Гевгелија од ИПА- ШИЛЦ 2 за изградба на нова хирушка сала дава одлична можност за побрзо, поефикасно, решавање на здравствените проблеми кај пациентите со хируршки болести.

За ефикасен здравствен систем кој нуди одлични услуги на пациентите во Општина Гевгелија се и проектите кои допрва следуваат:

-реновирање на Биохемиската лабораторија

-нова , модерно опремена Болничка аптека

-како и реновирање на дијабет центарот

Во 2020 година, гевгелиската болница ќе биде збогатена со нов апарат за компјутерска томографија како и нов рентген апарат.

Почитувани Гевгеличани,

Денес се вложува во квалитетно здравство. На прав пат сме!

Ајде заедно да продолжиме да чекориме по правиот пат!

Ви благодарам

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени