mchi

Прес центар

Ќе ги покачиме платите на наставниците

dbi

05.10.2016

Изјава за медиуми,
Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ
Скопје, 05.10.2016


Денеска е Денот на наставниците а исто така имаме прилика да бидеме тука на почетокот на изградба на новото училиште во општина Центар, па затоа би сакала да ја искористам оваа прилика, да кажам неколку збора, од нашата програма и нашиот план од областа на образованието.

Не е возможно да имате да имате добро и квалитетно образование доколку немате мотивирани, добронаградени и ценети наставници.

Затоа новата влада на СДСМ ќе ги покачи платите на целиот наставени кадар. Во првите две години ќе обезбедиме почетничката плата на наставник да изнесува најмалку колку просечната плата во Република Македонија. Ниту еден наставник во нашата држава да нема плата пониска од просечната.

Дополнително, наставниците ќе ги ослободиме од сите непотребни административни обврски кои го земаа нивното време и им претставуваа само притисок во работата. Ќе го укинеме екстерното тестирање и ќе ги ослободиме наставниците од стравот од казни.

Само на таков начин, со мотивирани наставници, со ценети наставници, со наставници кои се посветени на децата и на нивното знаење ќе добиме образование добро за 21 век.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени