mchi

Најнови вести

Средба на Заев со Црногорската заедница: За нас сите граѓани се важни!

dbi

03.11.2016

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Црногорската заедница во Р.Македонија и претседателот Борис Попивода.

На средбата се разговараше за долгогодишната традиционална соработка меѓу двете земји, за животот во Македонија како и за потребата од промени што ќе донесат добар живот за сите граѓани во државата.

Изразена е заедничка согласност дека е тоа можно само со одговорна Влада на којашто приоритет ќе и бидат потреби на граѓаните.

- Ќе го вратиме животот во Македонија. Ќе ги поддржиме домашните претпријатија да отворат нови работни места и да овозможат повисоки плати. За нас сите граѓани се подеднакво важни и затоа наша определба е граѓанскиот концепт. Цврсто сме определени да ја градиме Македонија како едно општетство, на еднакви граѓани. Институциите мора професионално да работат за потребите на сите граѓани. Правдата треба да биде достапна за сите граѓани. Промените сите ги чувствуваме, ќе има живот во Маккедонија, рече претседателот Заев на средбата.

Граѓаните од Црногорската заедница изразија отворена поддршка на претседателот Заев и порачаа дека ќе се вложат во промените коишто ќе го вратат животот, правната сигурност и економските перспективи на Република Македонија.

 

 

Скопје, 03.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени