mchi

Најнови вести

Апсурдните интерпелации нема да го сокријат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, новите политики ја унапредуваат и заштитуваат културата

dbi

12.08.2017

Соопштение за јавност


Со неоснованите, неиздржани и апсурдни иницијативи за интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ продолжува очајнички да се обидува да ги закочи реформите и проектите за кои што гласаше мнозинството граѓани.

Поднесената интерпелација за министерот за култура Роберт Алаѓозовски, само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи ниту за културата, ниту за граѓаните, туку единствено се грижи за сокривање на деценискиот криминал што раководството на таа партија го правеше, особено со проектот Скопје 2014. ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја партизираше културата и потроши над 600 милиони евра народни пари на сомнителни тендери за проектот Скопје 2014, додека вистинското културно наследтво беше намерно оставано да скапува и да се распаѓа.

Залудни и очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни интерпелации да ги закочат рефомите и да го прикријат криминалот и злосторот што го вршеа врз културното наследство. Наместо криминалниот и злосторнички пристап кон културата што ВМРО-ДПМНЕ го практикуваше со години, министерот за култура и министерството воведуваат нови, ефикасни и инклузивни политики и проекти во културата што носат напредок и заштита на културната дејност.


Скопје, 12.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени