mchi

Прес центар

Георгиевски: Дупката кај Саем сведочи за неспособноста на Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ, потребна е нова услужна локална власт

dbi

12.09.2017

Прес конференција,
Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба
Скопје, 12.09.2017

Почитувани граѓани,

Спектакуларно најавуваниот проект на општинските власти на Гази Баба за изградба на град во град на едно од најатрактивните земјишта во Скопје, во рамките на Скопски саем заврши како тотален дебакл.

Оваа огромна дупка позади нас, ископана пред десет години, сведочи за неспособноста и криминалот на градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и неговите шефови Никола Груевски и Коце Трајановски.

Благодарение на овие тројца проектот „Град во град“ заврши како проект најголема дупка во градот.

Продолжената рака на Никола Груевски, Тони Трајковски скоро една деценија работеше спротивно на интересите на граѓаните и општината, а овој пропаднат проект е само мал доказ за неговата неспособност и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, на Гази Баба и е потребна нова локална власт и затоа граѓаните на претстојните избори ќе го казнат неспособното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Трајковски. Новата услужна,отчетна и одговорна локална власт предводена од СДСМ, ќе создаде реални услови на ова место да се изгради комерцијален, финансиски и бизнис- центар што воедно ќе претставува градежна и архитектонска атракција.

СДСМ на централно ниво покажа дека ЗБОРОТ Е ЗБОР. Тоа ќе се докаже и на локално ниво кога локалните власти ќе ги отворат институциите, ќе ја унапредуваат инфраструктурата и економскиот развој и ќе работат на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

По промената на локалните избори, Општина Гази Баба повотрно ќе стане модерна, развојна и уредена општина, каква што и беше во минатото.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени