mchi

Најнови вести

Богоев: По победата на изборите, локалната власт од СДСМ ќе ги реконструира руинираните градинки во Карпош

dbi

12.09.2017

Прес конференција,
Стефан Богоев, претседател на СДММ
Скопје, 12.09.2017

 

Почитувани,

Во изминатите неколку дена преку интензивни средби со граѓаните на Карпош дојдовме до заклучок за она што и ние го мислевме. За жал, во 2017 година, во Карпош сѐ уште има руинирани градинки и има недостаток од сместување за најмладите Карпошани.

Затоа се обврзуваме пред граѓаните на општина Карпош, и јас и новата локална власт по преземањето на локалната власт на 15 октомври, целосно и темелно да ги реконструираме градинките „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 позади мене, градинката во Влае 1 и да изградиме две нови градинки. Една во Влае 2 на местото до училиштето „Димо Хаџи-Димов“, и една која со години е дел од лажните ветувања на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е градинката во Бардовци до училиштето „Аврам Писевски“.

Родителите, но и бабите и дедовците кои имаат млади карпошанчиња, кои треба да одат во градинка, да бидат спокојни и да не се грижат.

Карпош повторно ќе биде модерна, урбана, и Карпош ќе биде општина во која сите ќе сакаат да живеат. Ставаме точка на криминалното владеење и ставаме точка на киднапирањето на општината од страна на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени