mchi

Најнови вести

Граѓаните ја потврдија победата на фер избори, од утре ја продолжуваме акцијата за живот за сите

dbi

29.10.2017

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Скопје, 29.10.2017

 

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Ова е голема победа на граѓаните на Република Македонија. Им честитам на сите граѓани за денешниот празник на демократијата. Имавме демократски, фер, чисти избори. Имавме избори што се вистинска слика за волјата на граѓаните. Резултатот во вториот изборен круг беше очекуван и за нас и за нашиот политички противник, но и за граѓаните.

На денешниот втор круг од локалните избори граѓаните ја потврдија победата и уште еднаш јасно се определија за целосни, сеопфатни промени за поквалитетен живот за сите во Македонија.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата победи во огромен број општини. Тоа за нас се две важни пораки од граѓаните:
Прво – дека се движиме во вистински правец – кон правична и економски просперитетна Македонија, заеднички дом и татковина, едно општество за сите. Одлучна да стане дел од евроатлантското семејство;
Второ – дека најголемата одговорност за остварување на сите овие заеднички цели е на СДСМ и на нашите коалициски партнери.

И новоизбраните локални власти и ние што сме во централната власт, не од утре, уште од вечерва ја продолжуваме акцијата за живот и целосната посветеност на потребитена граѓаните. Имаме изгубени години за надокнадување, имаме нерешени проблеми што треба да се решат, имаме огромни очекувања за граѓаните кои не смеат да се изневерат. Зборот е збор. А ние нашиот збор го дадовме пред граѓаните.

Почитувани поддржувачи, драги граѓани,

Не смее да има еуфорија. Завршуваат прославите вечерва. Од утре работиме напорно за стандардот на граѓаните, за држава што на граѓаните ќе им биде сервис, да работиме за сите.

Ги повикувам и ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитаат својот став за непризнавање на овој изборен процес за кој и тие самите знаат дека помина во целосно слободна, фер и демократска атмосфера.

Ги разбирам овие тешки моменти исполнети со емоции во кои се наоѓа раководството на нашиот политички противник, но се надевам дека ќе изнајдат сили да се однесуваат како одговорен политички субјект за кој и на овие избори гласале сериозен број граѓани и ќе се вклучат и ќе дадат конструктивен придонес во реформите од суштинско значење за подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Апелирам до раководството на ВМРО-ДПМНЕ во прв план да ги стават интересите на граѓаните на Република Македонија.

Почитувани граѓани, нека ни е вечна слободата, да живее просперитетна, европска, демократска Република Македонија!

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени