Потпретседатели

Д-р Фросина Ташевска-Ременски

Фросина Ременски е пратеник во Собранието на Република Македонија и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Во јуни 2017 година е избрана за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.

Во ноември 2015 година со договорот 2 јуни-15 јули е избрана за нов Министер за труд и социјална политика во Владата која ќе ги организира предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Во 2013 година е избрана за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.

Во периодот од 2009 до 2013 година е член на партискиот Совет за безбедност и НАТО интеграции.

Раководител на Катедрата за полициски науки на Факултетот за безбедност – Скопје била од 2010 година. Од октомври 2012 година до април 2013 година на Факултетот за безбедност ја обавуваше функцијата Продекан за наставно-научни прашања.

Од 2007 до 2015 година на Факултетот за безбедност работи како вонреден професор во областа на полициските науки, конфликтниот менаџмент и превентивната дипломатија. Од 2004 до 2007 година на Полициската академија (сега Факултет за безбедност - Скопје), работи како асистент во областа на полициските науки и конфликтниот менаџмент.

Од 2000 до 2003 година работи на Филозофскиот факултет при Институтот за социологија како асистент.

Во 2000 година работела и како наставник на определено време во средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Докторира во 2007 година на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во областа на меѓународно право за правата на малцинствата на тема „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби“.

Во моментот работи на втора докторска дисертација од областа на меѓународната безбедност на тема „Забраната за употреба на сила и концептот на превентивна интервенција во справувањето со конфликти и заканите по меѓународниот мир и безбедност - Случаите СР Југославија 1999 година, Авганистан 2001 година, Ирак 2003 година и Либија 2011 година“.

Магистрира во 2004 година на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во областа на меѓуетничките односи и малцинските права на тема „Албанците и Македонците: Етничката интеракција во Република Македонија, пред и по конфликтот од 2001 година“.

Во текот на професионалниот академски развој учествува како раководител и истражувач во голем број научно-истражувачки проекти во областа на реформата на полицијата, националната безбедност, меѓуетничките односи и конфликтниот менаџмент.

Автор е на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес, објавени во домашни и странски научни списанија. Учествувала како воведничар и панелист на бројни домашни и меѓународни стручни и научни конференции организирани од државни органи, универзитети, факултети и невладини организации .

За монографијата „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби“, во 2008 година е добитник на Државната награда „Гоце Делчев“ за наука и придонес во науката во интерес на Република Македонија.

Дипломира во 1999 година на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје како еден од студентите на генерацијата 1995/1996.

Има добиено неколку стипендии за студиски посети во странство.

Средно образование завршува во 1995 година во Крива Паланка.

Родена е на 22 февруари 1977 година во Крива Паланка. Мажена, мајка на две деца, Петар и Никола.

 

КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: frosina.remenski@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија

 


 

 Дамјан Манчевски

 Дамјан Манчевски е потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

На 31 мај 2017 година Дамјан Манчевски е избран за министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија.

Во јуни 2017 година е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.

Во 2015 година е избран за Шеф на Изборниот Штаб на СДСМ за изборите во 2016 година.

За член на советот на Град Скопје е избран на локалните избори во 2013 година.

Бил раководител на Сектор за млади во Агенција за млади и спорт на Република Македонија во периодот од 2002 до 2003 година. Воедно бил и претставник на Владата на Република Македонија во Програмскиот комитет на Европската Младинска Фондација во Советот на Европа во истиот период.

Од 2000 до 2002 година бил претседател на Одборот за материјално финансиска контрола на ЈП Дрисла – Скопје, а од 2002 до 2004 година бил член на Одборот за материјално финансиска контрола на ЈП Водовод – Скопје.

Во јуни 2013 година избран за Потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.

Манчевски бил член на Централниот одбор на СДСМ во периодот од 2009 до 2013 година; член на Извршниот одбор на ЦО на СДСМ во периодот од 2006 до 2009 година и шеф на Кабинетот на Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија во периодот од 2007 до 2009 година;

Потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија бил во периодот од 2001 до 2003 година, а портпарол на СДММ бил во периодот од 1999 до 2003 година. Член на Извршниот одбор на СДММ бил во периодот од 1999 до 2001 година. Од 1998 до 1999 година бил член на Извршниот одбор на Локалниот клуб на СДММ - Центар.

Од 2001 до 2003 година Манчевски бил Балкански координатор на Интернационалната унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци.

Манчевски бил и член на партиската Комисија за меѓународна соработка во периодот од 2000 до 2009 година.

Член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ - Центар бил во периодот од 2005 до 2006 година.

Дипломира 2005 година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Електротехника и телекомуникации. Во 2009 се стекнува со Сертификат Chevening Felloowship на постдипломските студии на Универзитет Бирмингем – Обединето Кралство.

Во 2003 година бил учесник во програмата US Department of State International Visitors Program „Млади европски лидери и политиките на САД за актуелните политички, економски и социјални прашања“. Во периодот од 2003 до 2004 година учествувал во „Школа за идни политичари“ во организација на Фондациите Фридрих Еберт и Алфред Мозер.

Во 2001 година посетува Тренинг за медиумски настап во организација на Националниот демократски институт. Во 2002 година Тренинг за политичка кампања во организација на Националниот демократски институт. Во 2007 година Обука за градење на добро организиран ПР тим во организација на Фондацијата Алфред Мозер. Во 2001 година Тренинг за медиумски настап во организација на Renner Institute Vienna. Во 2006 година Обука за ПР и организација на ефикасна партиска инфраструктура во Меѓународниот републикански институт.

Бил извршен директор на ЕММЕТРОН ДООЕЛ Скопје во периодот од 2006 до 2007 и од 2009 до 2013 година.

Роден е на 27.01.1978 година во Скопје. Оженет и татко на две деца. Зборува англиски, српско-хрватски и руски јазик.

 

КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: damjan.manchevski@sdsm.org.mk 
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија

 


 

 

Оливер Спасовски

Оливер Спасовски е потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

На 31 мај 2017 година Оливер Спасовски е избран за Министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија. На првата седница на Владата на 5 јуни 2017 е избран за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија.

Во јуни 2017 е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.

Во 2015 година согласно договорот 2 јуни-15 јули е именуван за Министер за внатрешни работи во Владата која ќе ги организира предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија во два мандати (2006-2008 и 2011-2014).

Во 2013 до 2017 година ја врши функцијата Генерален секретар на СДСМ.

Од 2005 до 2006 година бил организационен секретар на СДСМ. Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Претседателството на Централниот одбор на СДСМ.

Секретар на општинската организација на СДСМ Куманово бил во периодот од 2000 до 2003 година. Од 1999 до 2003 година бил член на Претседателството на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Од 2008 до 2011 година работел како секретар на Општина Куманово. Советник на градоначалникот на Куманово бил во периодот од 2001 до 2005 година. Во 2000 година работел како адвокатски приправник.

Спасовски е магистрант по управно право на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал на истиот факултет, а основно и средно училиште завршил во Куманово.

Роден е на 21.10.1976 во Куманово. Оженет e со Катерина со која има две деца. Зборува англиски и француски јазик.

 


КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293130
Факс: +389 2 3293114
Mail: oliver.spasovski@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени