Социјалдемократска младина на Македонија 

 

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) е основана на 9-ти ноември 1991 година и од тогаш постои и функционира како подмладок на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Формирана е како организација на слободни и одговорни членови кои ги прифаќаат Статутот и програмските определби на СДСМ како и Статутот и програмските определби на СДММ. Како партиски подмладок, таа активно учествува во сите активности на СДСМ, вклучувајќи ги тука и креирањето на програмата и политиките на оваа партија, притоа развивајќи самостојна политичка иницијатива и дијалог меѓу младите и другите субјекти во општеството.

Во таа насока, СДММ развива облици на политичко, интересно и струково организирање со цел да ги афирмира идејните основи, вредносните критериуми, демократската содржина и прогресивната oриентација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Социјалдемократската младина на Македонија е полноправна членка на IUSY (Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци), на YES (Млади европски социјалисти) и на СД9 - Балканска мрежа на социјалдемократски подмладоци.

Посветени сме на проблемот со младинската невработеност, што е една од главните причини за масовното иселување на младите од нашата држава.

Активно работиме за:

- Нови работни места за младите, преку бизнис центри за млади, подобро планирање на професионалните кариери на младите, сопствени бизниси

- Квалитетно средно и високо образование, помалку настава, повеќе пракса и знаење по успешни примери на земји од ЕУ

- Достоинствени услови за младински живот, реконструкција на студентските домови, студентски центар, подобар студентски стандард...

За нашиот проект Гаранција за млади, со којшто секој млад човек добива понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, подготовка за вработување, за Студентската платежна картичка, за Бесплатниот јавен превоз, за Скејт парковите и велосипедските патеки, за Младинските спортски школи, стипендии, поддршка, ќе имате прилика да прочитате во Програмата на СДСМ.

Младите се движечка сила во општеството. Ако се согласувате со нас, зачленете се во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија заедно да се избориме и да изградиме слободно и праведно општество со еднакви можности за сите граѓани.

 

КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293111
Mail: sdmm@sdsm.org.mk 
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени