Заменик претседател на СДСМ

Радмила Шекеринска

Радмила Шекеринска е заменик претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

На 31 мај 2017 година Радмила Шекеринска е избрана за министер за одбрана во Владата на Република Македонија, сега Република Северна Македонија. На првата седница на Владата на 5 јуни 2017 е избрана за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, сега Република Северна Македонија.

Од 2002 до 2006 година беше Заменик претседател на Владата на Република Македонија, сега Република Северна Македонија, задолжен за европска интеграција и координатор за странска помош. За време на тој нејзин мандат, Република Македонија, сега Република Северна Македонија, го доби статусот на земја кандидат за членство во Европската унија.

Шекеринска беше избрана за пратеник во четири мандати (1998-2002, 2006-2008, 2008-2011 и 2011-2014). Раководеше со Националниот совет за европски интеграции од неговото основање до 2014 година. Беше член на повеќе комисии: Комисија за надворешни работи, Комисија за труд и социјална политика, Комисија за европски прашања, Комисија за млади и животна средина и Комисија за образование.

Радмила Шекеринска беше Претседател на СДСМ од 2006 до 2008 година. Таа е единствената жена која досега раководела со една од големите политички партии во Република Северна Македонија. Исто така, беше потпретседател на СДСМ, како и претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Шекеринска е член на Претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа. Во 2008 година беше избрана за еден од потпретседателите на Социјалистичката интернационала (СИ), функција што ја обавуваше до 2011 година.

Во 2009 и 2012 година, Шекеринска беше Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарлни избори во Киргистан и во Ерменија.

Шекеринска е добитник на наградата Млад глобален лидер, која ја доделува Светскиот економски форум.

Радмила Шекеринска е магистер по меѓународни односи на Флечер школата за право и дипломатија, на Универзитетот Тафтс, САД. Дипломирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Родена е на 10 јуни 1972 година. Омажена е за Божидар Јанковски со кого ја има ќерката Ада. Зборува англиски и француски јазик.

 

КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293112
Факс: +389 2 3293114
Mail: radmila.sekerinska@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Северна Македонија

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени