by admin1
25.05.2010 09:45:00
Граѓаните се презаситени од популизмот, демагогиите и декларативните заложби на Владата.Скоро четири години се манипулира, се тактизира, демек се преговара, а од сето тоа ништо.Покрај тоа што се игнорираат аргументираните критики од страна на опозицијата, дојде време истото да се прави и со претставниците на меѓународната заедница.И нивните укажувања, препораки и добронамерни совети не се релевантни за власта.
Дволичност и лицемерие е на граѓаните да му се ветува евро-атлантска интеграција, а од друга страна да се прави се` за тоа да не успее.Дволичност е да “преговарате” со Грција за реѓавање на спорот со името , а истовремено да излегувате со провокации од типот на отварањето на тезата за антиквизацијата, преименување на аеродромот во Александар Велики, поставување на антички статуи пред Владата, поставување на споменик на Александар Македонски среде плоштадот во Скопје итн.Сето тоа ги поткопа нашите преговарачки позиции и и` остави простор за маневар на Грција, простор за придобивање на симпатиите од членките на ЕУ, простор за зацврстување на нејзините црвении линии.
Исто така, хипокризија е и` да поставите Претседател на Државата кој покрај тоа што е обична марионета на Премиерот Груевски, е и неспособен и недоветен за оваа функција.Човекот се наоѓа во длабока хибернација.Едноставно го нема, а ако го има прави гаф.Меѓутоа, што се однесува до Ѓорѓе Иванов треба да се кажат и некои други работи.Имено, тој е еден од АНТИ НАТО ДРУЖИНАТА заедно со неговиот ментор и советник-професорот Светомир Шкариќ.Секој кој студирал правни или политички науки знае колку трибини и колку книги со АНТИ НАТО и АНТИ ГЛОБАЛИСТИЧКА тематика има исковано ДРУЖИНАТА.Нивната идеолошка матрица е за “Mакедонија со неврзаните”.Но не треба да се заборави и тоа мора да се потенцира дека оваа ДРУЖИНА жестоко се спротиставуваше и во секоја прилика го критикуваше и РАМКОВНИОТ ДОГОВОР.За тоа постојат и пижани материјали (токму тоа беше испитната литература по Политички систем чии автори се Иванов и Шкариќ).
До сега успеваа да се камуфлираат и пред македонските граѓани и пред меѓународната заедница.Меѓутоа, дефинитивно започна процесот на разобличување на агендата за уништување и пропаѓање на Р.Македонија по секоја основа.Fabula acta est.Нема повеќе простор за КОНЗЕРВАТИВИЗАМ, за ТОТАЛИТАРИЗАМ, за АВТОРИТАРНОСТ и ФАНАТИЗАМ.
Конечно перцепцијата на граѓаните почнува да се менува и тоа е добар знак.Добро е граѓаните да сватат и дека платите и пензиите што ги земаат се пари од кредити со висока камата за кои Државата се задолжува секој месец.Добро е граѓаните да сватат дека спомениците и скулптурите не носат леб, а токму тоа е неопходно.ХИПОКРИЗИЈА е преку врзаните за ВЛАДАТА медиуми да велите дека се е мед и млеко, а истовремено граѓаните да страдаат.
Меѓутоа апсолутно ја разбираме Владата.Таа е во еуфорија така што не може да ја виде реалноста.Тука проблемот може да се постави вака: или Премиерот неговите соработници го тапкаат по рамо и му велат дека се` е во ред, дека опозицијара е таа што ја претставува лошата состојаба, или, пак, и самиот Груевски е свесен за тоа каде се наоѓа и каде оди Државата, но ниту може, ниту има храброст да признае такво нешто.Во секој случај мислам дека е ова второто.
Сето тоа за кратко време ќе излезе на површина.Ќе се распука така што никогаш повеќе нема да може да се состави.Потребна е само една мала иницијална каписла за да ни се случи “Белград 2000” целиот народ ќе испадне на улиците и морално ( а може и de facto) ќе ја сруши оваа недемократска власт, по многу нешта слична на онаа на Милошевиќ.
Власта тоа го знае и затоа е огромен притисокот што го врши користејќи ги сите механизми (читај нелегални) што и се на располагање.
За сето ова да заврши што е можно побргу треба заеднички да се погрижиме сите Ние.
Тековно оценет 3.0 од 1 посетители
- Currently 3/5 Stars.
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
Tags:
" НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори."