by urednik
18.11.2009 09:40:00
Изминативе месеци од Бугарите стигнаа многу пораки дека ќе ни ја условат поддршката за Македонија во ЕУ и во НАТО. Наведуваат еден куп причини, од прашањето за нашето малцинство, за третманот на Бугарите во Македонија, за антибугарска кампања во медиумите, па до оној случајот со Спаска Митрова.
Целата ситуација дополнително се искомплицира откако Груевски минатиот месец одржа говор во Австралија, а Бугарите тоа го сфатија како повик за обединување на Македонците, односно менување на границите. Потоа Груевски објаснуваше дека не мислел така и Софија тоа го прифати. Дополнителен притисок создава и датумот 7 декември, кога треба да се донесе одлука дали Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ. Бугарите се среќаваа со Папандреу, праќаа пораки од Брисел дека ќе не блокирале и дека нивната поддршка има услов.
Долго се испраќаат пораки од кои може да се види дека работите меѓу Софија и Скопје не се движат во добар правец. Требаше да се реагира одамна и конкретно. А што направи Груевски? Отиде во Софија и ги одмолча сите провокации. Борисов му спомнуваше братски народи кои имаат заедничка европска иднина кои можат и задно да чествуваат празници, при тоа не нагласувајќи кои, дали европските или бугарските.
А, Груевски даде само кратка изјава: Минатото на историчарите, иднината заедничка на нас и Бугарија. Па, се слуша ли Груевски? Зборува исто како Бугарскиот претседател Прванов. И Прванов и Љубчо и Груевски даваат идентични изјави.
Резултатите од мисијата на Груевски ќе ги видиме на 7-ми. Ќе има ли успех или Бугарија ќе ни го активира условот, ќе видиме. Груевски до сега покажа огромен успех во утките во натворешната политика. Дали и оваа посета ќе биде уште поголема утка, ќе видиме. Времето ќе покаже. А Македонија време повеќе нема.
Бидете прв кој го оценил овој текст
- Currently 0/5 Stars.
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
Tags:
by urednik
18.11.2009 09:03:00
Бомбардирани сме последниве 3 години од страна на Владата на чие чело е Никола Груевски со реклами и кампањи за успешните реформи кои ги спроведува Владата. Груевски дури и се (само)прогласи за најголемиот реформатор во историјата на Македонија и спасител на македонската економија.
Единствено нешто што “успеа” да реформира е начинот на кој владата ги користи народните пари за партиски интереси на ВМРО ДПМНЕ, трошејќи го буџетот на скапи реклами лажејќи го народот дека се е во ред, дека рози ни цветаат и дека Македонија за време на неговиот мандат е една успешна приказна. Небаре Македонија е една од “Азиските Тигри”.
Нити сме тигар, ниту сме во Азија. Додуша со целата антиквизација, преименувањата, Хунзите и спомениците за Александар Македонски, можеби и планира да не премести таму. Но додека не се случи тоа, ние треба сеуште да го голтаме и џвакаме тоа што власта ни го сервира. Но што и да имаме за јадење, односно што и да голтаме, доаѓа моментот кога треба да се соочиме со фактот дека сме прејадени и дека веќе е доста. Колку и да било тоа навидум слатко и убаво, моментот кога се соочуваме со фактите порано или подоцна доаѓа. А фактите се дека во Македонија не е ништо во ред. Само во последнава година, според Државниот завод за статистика има нови 30.000 невработени. Исто така факт е дека во Македонија не цветаат рози, напротив, бројот на сиромашни граѓани на Република Македонија е на највисоко ниво досега. Граѓаните се помалку гледаат надеж за себе и за своите најблиски. Сиромаштијата го урива и тоа малку достоинство кое го имаат и до кое се држат.
Индустриското производство како што јавуваат медиумите паѓа од месец во месец, фабриките секојдневно закачуваат списоци пред своите врати, со отпуштени работници и работници пратени на принуден одмор. Текстилната индустрија е во тотален колапс. Сточарите и земјоделците секојдневно блокираат патишта незадоволни од состојбата во која се наоѓаат. Кој ни останува задоволен? Дел од државната администрација? Па секако еден дел е задоволна. Во трите последни извештаи на Европската Комисија се посочува дека администрација е се повеќе партизирана. Предупредуваат да не се делат работни места според партиска книшка, да не се даваат функции на лица без квалитет и професионалност. Токму спротивното се случува. Груевски, го вработува партиското членство од патарините низ државава, па се до директори во одбори во најголемите државни компании. И ги плаќа со наши, народни пари. Тоа го прави, зашто знае дека Македонија не е баш успешна приказна во последниве три години, гледа дека го губи рејтингот и народот се помалку верува на неговите лаги. Груевски со партизација на администрацијата, пробува да го дисциплинира своето членство и да ги држи на кратки узди.
И покрај сето ова Никола Груевски без мува да го лази се расфрла со народни пари, за мачки, шмизли, букефали.
Како што кажа еден млекар на протести пред владата: “Ќе градиме сали? Ќе градиме споменици? Никој не е против тоа! Кога ќе се најадам леб, тогај ќе пијам вино!” Поточни зборови за Груевски, не биле кажани до сега.
Бидете прв кој го оценил овој текст
- Currently 0/5 Stars.
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
Tags:
by urednik
18.11.2009 09:02:00
Кога зборуваме за надворшна политика и кога истата се однесува на Македонија, кога ќе го спомнеме терминот „проблем“ секој од нас прво помислува на спорот со Грција за името. Официјално и двете страни сакаат да го решат проблемот за доброто на регионот. Неофицијално грчката страна не сака. Уште по неофицијално и македонската изгледа не сака. Е тоа е веќе проблем, сериозен проблем кој за жал е наш и само наш.
Нашиот премиер наместо да ни каже што ќе правиме до 7-ми декември, тој ни објаснува што ќе се случува после 7-ми и кој ќе ни бил виновен ако не успееме. Досега наместо да им ги смирува страстите на грците кога ни фрлаат ракавици, тој досадуваше со референдумот. Каков референдум зборувате? За референдум ти треба некое решение, какво било, само да е решение. Не треба да ни објаснуваш какви се грчките цели и позиции. Писмени сме и тоа со слушаме, читаме и го знаеме. Ако не е корисно јавно да ни ги кажеш нашите преговарачки позиции не ги каувај, ама не ни ги толкувај ни грчките. Нас не интересира дали ти серизно планираш да го решиш проблемот? Ама изгледа не се работи само за несериозност и целосна неспособност.
Не можеш и нема потреба јавно да кажуваш дали грците сакаат или не сакаат да го решат проблемот, кој и да е нивниот став. Се што треба да правиш е да се бориш за нашите, Македонски позиции и да преговараш со ладна глава, јавно да повикуваш на пријателство, разбирање и да им укажуваш на предностите што грците, а и целит регион, ќе ги имаат доколку и двете страни направиме заеднички компромис, кој повторно е во интерес на нашиот прием во ЕУ и НАТО.
Нашата страна е последната што треба да шири песимизам. Во услови кога Груевски има целосна власт во државата, има одврзани раце од опозицијата, позитивни сигнали и од Грција и од целата меѓународна заедница, последно што треба да прави е тоа што го прави – да бара евентуални виновници, ако не успее работата. Или да се грижи за својот рејтинг и само за својот рејтинг!
Груевски мора да ја забрза целата ситуазија, затоа што ние сме тие што немаме време за чекање. Ова е најголема шанса за Македонија, а многумина велат дека ќе биде последна за подолг период. Конечно треба да се почне да се преговара на повисоко ниво, конечно работите во свои раце да ги преземат луѓе со овластување и мандат да ги решаваат спорот, а не да изигруваат поштари што ќе пренесуваат пораки. Македонија нема време за одлагања и експерименти. Иднината на граѓаните е поважна од нечии стравови и рејтинг политика.
Бидете прв кој го оценил овој текст
- Currently 0/5 Stars.
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
Tags:
" НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори."