,,Скопје 2014,, - апсурд на реалниот живот

by urednik 08.02.2010 12:34:00

Да бев опиена од високиот рејтинг на Владата, желбата за безусловна власт или пак дел од власта; да немавме 40%-тна невработеност, висока стапка на сиромаштија, економска стагнација, дефицит и критични мегуетнички односи, можеби, велам можеби..., ќе бев ,,за,, кампањска изградба  на Скопје. Во услови кога млекарите од Сведмилк чекаат обезштетување од 2 милиони евра; во услови кога стечајците во Куманово, но и од цела Македонија штрајкуваат со глад или гладуваат; во услови кога овоштарите бараат пласман на јаболкото, а вие велите садете круши и истовремено со булдужери заради изградба на игралиште во Мадџари ги рамните со земја ретките насади со круши; додека младите не стапуваат во брак, заради нерешено стамбено прашање и немање работа, а истовремено промовирате трето дете; додека болниците имаат недостаток на кревет повеќе, лек повеќе; додека родители на болни деца молат од недостиг на средства за лек на своите цеда; и многу други во ваков случај апсурдени моменти, Владата се луксузира со милионски проекти од непроизводствен карактер.


Додека Владата ќе го ,,гради,, центарот на Скопје од парите на сите граѓани на Република Македонија, градовите од периферијата на Република Македонија (да не зборувам за селата), ќе кубурат за простор да ги соберат граѓаните на културни манифестации (кои и така ги нема), ќе молат за канализација, вода, струја, патишта и сл. Моноцентричната урбанизација на Република Македонија и моноцентричната урбанизација на Скопје отсекогаш лошо влијае на економскиот развој на Република Македонија. Прочитав повик за ,,референдумско изјаснување на Скопјани,, за проектот ,,Скопје 2014,, јас би кажала ,,референдумско изјаснување на граѓаните на Македонија,, зошто сите ние ке го финансираме виртуелниот живот на наштата ни Влада која бегајќи од иднината (ЕУ и НАТО), ќе не врати во средниот, не дај Боже во античкиот период....


Се прашувам дали Владата, провладините архитекти, министри, градонацалници и промотери на ,,Скопје 2014,, биле при ,,здрава свест,, (мислам, дали биле трезни), кога го кроеле виртуелниот изглед на Скопје во средниот век, зошто по секоја пијанка (дали од рејтинг или за рејтинг), следува отрезнување кое ќе ги соочи со вистинската реланост која не е како од филмовите што ги сонува, резира и гледа нашата Влада....


Доц. д-р Фросина Т. Ременски

Тековно оценет 4.3 од 13 посетители

  • Currently 4,307693/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:


" НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори."

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  февруари 2010  >>
повтсрчепесане
25262728293031
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
1234567

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML