by urednik
16.02.2010 10:26:00
Само што ќе помислиме дека ќе се вразумат, тие повторно и повторно изнанадуваат со нивните најнови перверзии. Катастрофата за Скопје што планираат да ја предизвикаат сопственикот на Тинекс (инаку градоначалник на Центар) заедно со Коце Трајановски до 2014 година ќе биде од огромни размери. А она што Груевски го направи за Македонија за време на неговото 4 годишно премиерување, а вкупно 8 годишно „злоупотребување“ на власта, мерено по штетните последици, не може да се спореди ни со втората светска војна, ни со петвековното османлиско робство.
Ова, благо кажано, силување на центарот на главниот град е недозволиво за една метропола каква што сите ние посакуваме да биде нашето Скопје. Наместо модерно Скопје на 21-виот век, планираат пак да не вратат во барокот, класицизмот и романтизмот. Новиот изглед на Скопје според оваа власт треба да претставува симбиоза на стилови со која се надоместува скокот на една историско урбанистичка фаза од европската цивилизација, кога овде била Отоманската империја. Велат се поправало сивилото од неколкуте децении наназад кога Скопје не било приоритет на поранешната федерација. И така, загледани кон минатото, & го завртеа задникот на иднината.
Александар на Букефал, црквата на плоштадот, офицерскиот дом и сите други градби и споменици со кои што планираат да го пренатрупаат центарот на Скопје нема да им ги решат проблемите на граѓаните од Шуто оризари кои, верувам ќе се согласиме, живеат во очајни услови. А што да кажат Велешани кои повторно им се заканува туење со топилницата или Тетовчани и Гостиварчани што мораа во тегли да си донесат чист воздух.
Наместо да поработат на намалување на сиромаштијата, тие градат народни кујни за сиромашните чија бројка секојдневно се зголемува. Наместо да ги решаваат проблемите со дивоградбите и фантомските Фикоми и слични на нив, тие трошат на објекти што не решаваат ниту еден проблем, а создават стотици нови проблеми кои не се само од естетска природа.
И сето тоа ни го прават во време на глобална економска криза која наводно ги спречила да ја остварат големата економска Преродба во 100 чекори која ни ја ветуваа два пати. Еднаш во 2006-та кога со тоа клучно ветување ја освоија власта, втор пат во 2008-ма со надградена и проширена Преродба кога замолија за апсолутно мнозинство во Собранието. Сега ни велат дека нема пари за ни за стечајците, ни за болните, ни за сиромашните, ама има за шмизли, лавови, коњи и триумфални капии за да може триумфално премиерот да влезе на плоштадот и триумфално да го „прослави“ поразот на неговата „голема“ економска Преродба.
Никола Груевски заборави на граѓаните, ја заборави Македонија. Луѓето секој ден страдаат и тоа јавно се гледа и слуша на медиумите. Владата одбра да молчи и да си тера по свое. Нема проблем. Мандатот ви е на крајот, четири години сте на власт. Кога годинава ќе ја барате поддршката на предвремените парламентарни избори од народот, е тогаш народот ќе си молчи!
Тековно оценет 3.8 од 13 посетители
- Currently 3,846154/5 Stars.
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
Tags:
" НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори."