СДСМ повторно помеѓу граѓаните

by urednik 25.02.2010 10:19:00
Соочувањето со реалноста и не е секогаш така лесна работа, посебно кога реалноста е доволно  лоша, да не одведе до степен да си помислиме дека сме во сред кошмарен сон и дека туку што не сме се разбудиле. А кога ќе размислиме подобро, целокупната македонска економска, социјална и политичка ситуација многу потсетува на кошмарен сон од кој Владата никако да се разбуди. Плачот на стечајците, млекарите, јаболкарите и многу други станува се погласен, преродбата проголжува и ништо на подобро не се менува, ама не е ни као што беше. Многу полошо е. Ни претставуваат преку ТВ екраните некаква розева виртуелна реалност и тоа така стокмено делува многу добро, ама тлевизорот има и копче за ислучување кое најчесто го притескаме пред легнување. И тогаш имаме време да помислиме „Уште колку пари ни останаа до крајот на месецот?“, „Ќе имаме ли утре барем за лепче?“, „До кога вака?“...
 
Стечајците, млекарите и земјоделците беа сослушани, за жал не од премиерот, ама за среќа некој сепак ги сослуша. Лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, наспроти очекувањата на некои злонамерни умови, зачекори меѓу обичните луѓе и ги ислуша тажните приказни за нивните судбини. Тоа се вистински приказни за суровата реалност која е многу погрозна од онаа во која не тераат да веруваме преку малите ТВ екрани. Црвенковски ги сослуша, а убеден сум дека и понатаму ќе продолжи да ги слуша, но и преку Собранието да предлага решенија за нивните проблеми. За да можеш да решаваш проблеми треба да слушнеш за нив, да слушнеш за тие човечи судбини и  да ги проучиш внимателно. ВМРО ДПМНЕ докажа дека многу повеќе создава пролеми, отколку што ги решава. Многу провеќе продава евтини приказни за до сега „невидениот успех за една македонска влада“, отколу што работи на подобрување на се што не беше доволно добро во оваа држава. И фактите на терен тоа јасно го кажуваат.
 
Перверзијата да биде поголема, наместо да ги засукаат ракавите и конечно да почнат да работат нешто конкретно, тие обинуваат преку небулозни прес конференциии и очајно смешни соопштенија дека срамота било Црвенковски да разговара со овие категории на луѓе, затоа што наводно тој ги донел до ова дереџе.  Дури и да се во право, а секој знае дека Груевски не можат да се амнестира од својата вина - овие луѓе во власта на ВМРО ДПМНЕ имаат добиено доверба од граѓаните, односно мандат да ги решаваат проблемите со кои сите граѓани се соочуваат.
 
Нема да им ги решите проблемите на луѓето со тоа што ќе ја префрлате вината на опозицијата. Па, зарем заборавате дека веќе цел мандат или четири години сте на власт во Македонија.
 
Ајде да се вратиме на посетите. Како што можевме да видиме на една од телевизиите, на овие средби со Црвенковски, еден жител на с. Лажани директно му се обрати со зборовите „и сами знаете дека во ваше време житото никогаш не паднало под 12 денари, сега падна на 6“. Ова е реалноста во која живееме господине Груевски, а не онаа 3Д анимација за изгледот на центарот на Скопје во 2014 година. Залудни Ви се препукувањата, кога на теренот граѓаните јасно и гласно порачуваат дека за лошата и тешка економска состојба во која се наоѓаат виновни сте директно вие премиере и Вашата партија, ВМРО ДПМНЕ.
 
СДСМ повторно си го заслужи местото на лидер на опозицијата која треба да застане пред оваа излажана група на граѓани и да им понуди заштита и решенија за нивните проблеми. Бидејќи омилено хоби на премиерот му е играње со демократското право на избор минимум еднаш годишно, редно е неговата играчка да стане повозбудлива.
 
Оваа игра не смее да продолжи да биде игра во која тој секогаш победува, а обичниот човек секогаш губи. Оваа игра не смее да се претвори во игра во која тој секогаш ќе ветува, а некој друг секогаш ќе биде излажананата страна.  Оваа игра мора да престане да постои. Зборуваме за човечки судбини со кои никој нема право да си игра, а најмалку Груевски. Ако му е толкав капацитетот, доста му беше. Во државата постојат луѓе кои можат и знаат да направат сé што овој човек не може, не знае или можеби и не сака да направи за Македонија. Проверено!

Тековно оценет 4.6 од 13 посетители

  • Currently 4,615384/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Градот убав пак ќе никне?!?

by urednik 16.02.2010 10:26:00
Само што ќе помислиме дека ќе се вразумат, тие повторно и повторно изнанадуваат со нивните најнови перверзии. Катастрофата за Скопје што планираат да ја предизвикаат сопственикот на Тинекс (инаку градоначалник на Центар) заедно со Коце Трајановски до 2014 година ќе биде од огромни размери. А она што Груевски го направи за Македонија за време на неговото 4 годишно премиерување, а вкупно 8 годишно „злоупотребување“ на власта, мерено по штетните последици, не може да се спореди ни со втората светска војна, ни со петвековното османлиско робство.
 
Ова, благо кажано, силување на центарот на главниот град е недозволиво за една метропола каква што сите ние посакуваме да биде нашето Скопје. Наместо модерно Скопје на 21-виот век, планираат пак да не вратат во барокот, класицизмот и романтизмот. Новиот изглед на Скопје според оваа власт треба да претставува симбиоза на стилови со која се надоместува скокот на една историско урбанистичка фаза од европската цивилизација, кога овде била Отоманската империја. Велат се поправало сивилото од неколкуте децении наназад кога Скопје не било приоритет на поранешната федерација. И така, загледани кон минатото, &  го завртеа задникот на иднината.
 
Александар на Букефал, црквата на плоштадот, офицерскиот дом и сите други градби и споменици со кои што планираат да го пренатрупаат центарот на Скопје нема да им ги решат проблемите на граѓаните од Шуто оризари кои, верувам ќе се согласиме, живеат во очајни услови. А што да кажат Велешани кои повторно им се заканува туење со топилницата или Тетовчани и Гостиварчани што мораа во тегли да си донесат чист воздух.
 
Наместо да поработат на намалување на сиромаштијата, тие градат народни кујни за сиромашните чија бројка секојдневно се зголемува. Наместо да ги решаваат проблемите со дивоградбите и фантомските Фикоми и слични на нив, тие трошат на објекти што не решаваат ниту еден проблем, а создават стотици нови проблеми кои не се само од естетска природа.
 
И сето тоа ни го прават во време на глобална економска криза која наводно ги спречила да ја остварат големата економска Преродба во 100 чекори која ни ја ветуваа два пати. Еднаш во 2006-та кога со тоа клучно ветување ја освоија власта, втор пат во 2008-ма со надградена и проширена Преродба кога замолија за апсолутно мнозинство во Собранието. Сега ни велат дека нема пари за ни за стечајците, ни за болните, ни за сиромашните, ама има за шмизли, лавови, коњи и триумфални капии за да може триумфално премиерот да влезе на плоштадот и триумфално да го „прослави“ поразот на неговата „голема“ економска Преродба.
 
Никола Груевски заборави на граѓаните, ја заборави Македонија. Луѓето секој ден страдаат и тоа јавно се гледа и слуша на медиумите. Владата одбра да молчи и да си тера по свое. Нема проблем. Мандатот ви е на крајот, четири години сте на власт. Кога годинава ќе ја барате поддршката на предвремените парламентарни избори од народот, е тогаш народот ќе си молчи!

Тековно оценет 4.2 од 11 посетители

  • Currently 4,181818/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

,,Скопје 2014,, - апсурд на реалниот живот

by urednik 08.02.2010 12:34:00

Да бев опиена од високиот рејтинг на Владата, желбата за безусловна власт или пак дел од власта; да немавме 40%-тна невработеност, висока стапка на сиромаштија, економска стагнација, дефицит и критични мегуетнички односи, можеби, велам можеби..., ќе бев ,,за,, кампањска изградба  на Скопје. Во услови кога млекарите од Сведмилк чекаат обезштетување од 2 милиони евра; во услови кога стечајците во Куманово, но и од цела Македонија штрајкуваат со глад или гладуваат; во услови кога овоштарите бараат пласман на јаболкото, а вие велите садете круши и истовремено со булдужери заради изградба на игралиште во Мадџари ги рамните со земја ретките насади со круши; додека младите не стапуваат во брак, заради нерешено стамбено прашање и немање работа, а истовремено промовирате трето дете; додека болниците имаат недостаток на кревет повеќе, лек повеќе; додека родители на болни деца молат од недостиг на средства за лек на своите цеда; и многу други во ваков случај апсурдени моменти, Владата се луксузира со милионски проекти од непроизводствен карактер.


Додека Владата ќе го ,,гради,, центарот на Скопје од парите на сите граѓани на Република Македонија, градовите од периферијата на Република Македонија (да не зборувам за селата), ќе кубурат за простор да ги соберат граѓаните на културни манифестации (кои и така ги нема), ќе молат за канализација, вода, струја, патишта и сл. Моноцентричната урбанизација на Република Македонија и моноцентричната урбанизација на Скопје отсекогаш лошо влијае на економскиот развој на Република Македонија. Прочитав повик за ,,референдумско изјаснување на Скопјани,, за проектот ,,Скопје 2014,, јас би кажала ,,референдумско изјаснување на граѓаните на Македонија,, зошто сите ние ке го финансираме виртуелниот живот на наштата ни Влада која бегајќи од иднината (ЕУ и НАТО), ќе не врати во средниот, не дај Боже во античкиот период....


Се прашувам дали Владата, провладините архитекти, министри, градонацалници и промотери на ,,Скопје 2014,, биле при ,,здрава свест,, (мислам, дали биле трезни), кога го кроеле виртуелниот изглед на Скопје во средниот век, зошто по секоја пијанка (дали од рејтинг или за рејтинг), следува отрезнување кое ќе ги соочи со вистинската реланост која не е како од филмовите што ги сонува, резира и гледа нашата Влада....


Доц. д-р Фросина Т. Ременски

Тековно оценет 4.4 од 10 посетители

  • Currently 4,4/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:


" НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори."

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  септември 2010  >>
повтсрчепесане
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML