Хипокризија на власта

by admin1 25.05.2010 09:45:00
Граѓаните се презаситени од популизмот, демагогиите и декларативните заложби на Владата.Скоро четири години се манипулира, се тактизира, демек се преговара, а од сето тоа ништо.Покрај тоа што се игнорираат аргументираните критики од страна на опозицијата, дојде време истото да се прави и со претставниците на меѓународната заедница.И нивните укажувања, препораки и добронамерни совети не се релевантни за власта.
 
Дволичност и лицемерие е на граѓаните да му се ветува евро-атлантска интеграција, а од друга страна да се прави се` за тоа да не успее.Дволичност е да “преговарате” со Грција за реѓавање на спорот со името , а истовремено да излегувате со провокации од типот на отварањето на тезата за антиквизацијата, преименување на аеродромот во Александар Велики, поставување на антички статуи пред Владата, поставување на споменик на Александар Македонски среде плоштадот во Скопје итн.Сето тоа ги поткопа нашите преговарачки позиции и и` остави простор за маневар на Грција, простор за придобивање на симпатиите од членките на ЕУ, простор за зацврстување на нејзините црвении линии.
 
Исто така, хипокризија е и` да поставите Претседател на Државата кој покрај тоа што е обична марионета на Премиерот Груевски, е и неспособен и недоветен за оваа функција.Човекот се наоѓа во длабока хибернација.Едноставно го нема, а ако го има прави гаф.Меѓутоа, што се однесува до Ѓорѓе Иванов треба да се кажат и некои други работи.Имено, тој е еден од АНТИ НАТО ДРУЖИНАТА заедно со неговиот ментор и советник-професорот Светомир Шкариќ.Секој кој студирал правни или политички науки знае колку трибини и колку книги со АНТИ НАТО и АНТИ ГЛОБАЛИСТИЧКА тематика има исковано ДРУЖИНАТА.Нивната идеолошка матрица е за “Mакедонија со неврзаните”.Но не треба да се заборави и тоа мора да се потенцира дека оваа ДРУЖИНА жестоко се спротиставуваше и во секоја прилика го критикуваше и РАМКОВНИОТ ДОГОВОР.За тоа постојат и пижани материјали (токму тоа беше испитната литература по Политички систем чии автори се Иванов и Шкариќ).
 
До сега успеваа да се камуфлираат и пред македонските граѓани и пред меѓународната заедница.Меѓутоа, дефинитивно започна процесот на разобличување на агендата за уништување и пропаѓање на Р.Македонија по секоја основа.Fabula acta est.Нема повеќе простор за КОНЗЕРВАТИВИЗАМ, за ТОТАЛИТАРИЗАМ, за АВТОРИТАРНОСТ и ФАНАТИЗАМ.
 
Конечно перцепцијата на граѓаните почнува да се менува и тоа е добар знак.Добро е граѓаните да сватат и дека платите и пензиите што ги земаат се пари од кредити со висока камата за кои Државата се задолжува секој месец.Добро е граѓаните да сватат дека спомениците и скулптурите не носат леб, а токму тоа е неопходно.ХИПОКРИЗИЈА е преку врзаните за ВЛАДАТА медиуми да велите дека се е мед и млеко, а истовремено граѓаните да страдаат.
 
Меѓутоа апсолутно ја разбираме Владата.Таа е во еуфорија така што не може да ја виде реалноста.Тука проблемот може да се постави вака: или Премиерот неговите соработници го тапкаат по рамо и му велат дека се` е во ред, дека опозицијара е таа што ја претставува лошата состојаба, или, пак, и самиот Груевски е свесен за тоа каде се наоѓа и каде оди Државата, но ниту може, ниту има храброст да признае такво нешто.Во секој случај мислам дека е ова второто.
 
Сето тоа за кратко време ќе излезе на површина.Ќе се распука така што никогаш повеќе нема да може да се состави.Потребна е само една мала иницијална каписла за да ни се случи “Белград 2000”  целиот народ ќе испадне на улиците и морално ( а може и de facto) ќе ја сруши оваа недемократска власт, по многу нешта слична на онаа на Милошевиќ.
 
Власта тоа го знае и затоа е огромен притисокот што го врши користејќи ги сите механизми (читај нелегални) што и се на располагање.
 
За сето ова да заврши што е можно побргу треба заеднички да се погрижиме сите Ние. 
 

Бидете прв кој го оценил овој текст

  • Currently 0/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Кутриот граѓанин

by urednik 25.05.2010 06:10:00

Во сите соседни  земји се штеди, кај нас се  трошат готовите пари и се земаат неповолни кредити со  високи каматни стапки од 10 %.

Со постојани задолжувања (државни записи, еврообврзници  итн.) се покрива општата потрошувачка (плати, пензии, споменици, музеи) која е неконтролирана и не е развојна компонента но е на краток период со што се задолжуваат идните генерации.

Е, тоа ти е Грујо, му оставивме полн Буџет и во почетокот беше многу економски силен и пукаше на сите страни со боева муниција ама сега ептен забразди во економијата, ги потроши парите па пука со ќорци.

Ете тоа се  вика владеење во име на  народот, ако не оди економијата  во Државата, задолжи ја, земи  кредити, плати ги пензионерите  и јавната администрација, направи приватен бизнис со државни пари и земи си провизија и ете ти мир во Државата, а другите преостанати граѓани што ќе земат: па кој ги шиша.

Па на Грујо не му требаат странски инвеститори, зошто му се кога си има ДОМАШЕН ИНВЕСТИТОР-“ГРАЃАНИНОТ”. Кога сака во секое време си го молзи, си го меси, му брка во џебот, го казнува, па го бања, го носи во народна кујна, по контејнери и се така додека не се освести и да свика “ Аман бре, доста е бре, многу ме товари, ми ја скрши кичмата”.

Тоа е економијата на Грујо како оној КУТРИОТ ТРАЈЧЕ кој копаше за пари кај локалитетот на Паско Кузман, но само што зина, наместо пари доби „клоца“ и со прстот во уста го испратија дома.

Но, се си  има свој крај, кога ќе заврши Преродбата, Грујо ќе биде како во приказната “Си бил еднаш еден цар и среќно си живеел до крајот на својот живот во 4 стана”.

 

Бранко Шемов, член на Централниот одбор на СДСМ

Тековно оценет 4.6 од 5 посетители

  • Currently 4,6/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags: , , , , , ,

Ќе останеме ли без јавно здравство?

by urednik 21.05.2010 09:05:00

Лекарите не се во подобра ситуација иако некому се чини така. Тие добија намалување на платите за 20% во 2006-та по изборите, па постепено зголемување на платата по 10% следните две години. Мал број од нив заработија илјадници евра, а за поголем број од нив не важи законот за дополнителна дејност и не можат да работат приватно во болницата каде што се редовно вработени (бидејќи  не се занаетчии од други струки кои пак работат и дополнително во болниците каде се вработени). Минатогодишното пумпање на платите со концептот на бруто плата имаше дополнително горчлив вкус за лекарите и сетрите (кои бдеат  во ноќите, саботите, неделите и за време на празниците борејќи  се во тие часови  со отворените рани, скршеници, гној, крв и сите заостанати  неизлачени  човечки излачевини и измет) - затоа што им се намалија платите за 20% по великодушниот потпис од нивниот синдикален лидер  седнувајќи на преродбеничката фотеља и одземајќи им од сменската, ноќната и работата за време на празници и работата  во сала. Имено, со овoј потпис и со урамниловката наречена коцепт на бруто плата сега соодносот кој  по  колективен договор  треба да е 4,5:1 на спеијалист во однос на  најниско платениот во здравството (осмоодделенец), сега е 2:1 што го немало ни  во НР Кина во најголемиот  излив на комунизмот и на концептот на исти стомаци кога соодносот на овие две групи со закон бил закован на 3:1!!! Да не анализираме овде како овој податок ќе се одрази на новите студенти пресно запишани на маалските факултети кои на МТВ осознаваат што е моќ и сила, а во реалноста ќе се соочат со двојно(!) поголема плата  по 14 години повеќе школо (и давачки) од нивните слаби и немоќни врсници... Дали ќе ги продолжат студиите?

Анатомијата на докторската плата:

Велат дека сестрите земале 40000 денари, а лекарите 70000 денари плата, но не  се спомнува  дали  ова  е нето  или бруто  плата, затоа што, на пример, овие 70000 бруто се сведуваат на  44000 денари нето плата, каде влегуваат сите ставки: сменска работа, дежурства, работа за викенд и за празник, повик за итни случаи, функциски додатоци, минат труд... Или конкретно мојата маленкост спечалила минатиот месец  66166 денари бруто, од кои 4534 денари минат труд, за 48 часа ноќна работа 3297денари(?!), дежурство 48 часа, викенд и празник 9551 денари, за повик  1064 денари за 184 работни часа - редовни 41211 денари и функциски додаток (кој можеби ќе го немам по овој напис) 4855 денари, но сето ова е бруто, додека  нето е 43337. Дополнително, секој месец  го плаќам и чуварот на моите права - синдаклниот лидер со 260денари, вкупно кредити 320(?) исхрана на вработени 200 денари (љубезноста на работодавачот за тие 48 часа дежурства да ми даде два оброка по 100денари) и конечно да си однесам дома  42757 денари! Или во други победни месеци од  34000 до 37000 или пак основнта плата ми е околу 4000 евра за десет месеци траење под фондовскиот јорган, за разлика од 4000 евра за еден месец лаење во преродбеничко-медиумскиот  скафандер!!!

Кога ја спомнуваме бројката на вработени во здравството од 21000, сметката на власта од горе споменатото изгледа од прилика вака: Дај ќе ги напумпаме платите на 21000 гласачи    два пати по 10%, плус хранарина и патарина, па на 10% од нив ќе им скинеме 20% од плата, а и од хранарина и патарина и пак ќе ни останат 18900 гласачи!!!

Како до решение?

Ова е моето размислување како би требало да се решаваат проблемите, но и да им се ОБЈАСНИ НА ПАЦИНТИТЕ-ГЛАСАЧИ И НА ДОКТОРИТЕ-ГЛАСАЧИ ДЕКА СОЦИЈАЛИЗМОТ ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА СО ПРВИТЕ ПЛУРАЛНИ ИЗБОРИ И ДЕКА СЕКОЈ ТРЕБА да се грижи за своето здравје иако  партиите на власт досега го одржуваа во живот социјализмот во секторот на здравството во секоја смисла!

Бидејќи сме по Устав социјална држава, истата таа од  буџетот  треба  да ги алиментира основните превентивни мерки  и  основните лечебни мерки за целата  популација, како и малигните болести, дијализа и слично, пред се од парите од акцизи за тутун, алкохол и нафтени деривати... Понатаму ФЗО  да го алиментира  останатиот  дел од услугите, но и да се формира дополнителен фонд за оние кои имаат можност или сакаат дополнително да вложат во таков фонд. Така за нив ќе ги снема листите за чекање и ќе се прошири листата на услуги, а ќе се алиментира  дополнителната дејност на докторите и нивните соработници како и алиментирање на болничките трошкови за тие осигуреници. Најважно можеби во овој процес би била напоредната итна дигитализација во здравството што би значело дигитална картичка на секој осигуреник, така што и  здравствените работници и  фондот  би имале моментален увид како за профилот на дојдениот пациент, така и за  услугите кои во моментот му се даваат на осигуреникот...

Што се однесува до инвестициите тие треба да продолжат! Каде и во колкава мерка, е треба да се мачи  никој д измислува топла вода, туку да се видат стандардите за два милиони луѓе и лесно се доаѓа до потребите од капацитети и апаратура во здравството! Во овие одлуки не смее да влезе ниту концептот  на Охридскиот договор ниту  било какви  локалпатриотски апетити!

И за крај:

Ако влезат параметрите на праведност за здравствените работници во таа приватизација, а со тоа и поголема ефикасност за пациентите, приватизацијата  воопшто не е страшна. Всушност здравството е приватизирано, освен секундарното и терциерното здравство! Некои ги повикуваат „партиските курсаџии - новоиспилени  менаџери од доктори“ кои се задолжувале да ни ги скратат платите за  да  се раздолжат? Па  кутрите тие не  учеа на курсот за директори како да се справат со медиумите т.е. Некои новинари бараат директорите да не се задолжуваат и ги бркаат за изјави зошто не  купуваат повеќе лекови, потрошни материјали, нафта за греење, чаршави и душеци, да има за  пациентите... Едноставно нема логика! Ако се задолжуваат за други виртуелни работи треба  кривично да одговараат, а не казната  да ја платат лекарите и пациентите! Влегувате во расчекор  меѓу желбите (на пациентите и докторите) и  можностите  (на државата и  докторите). Треба  сите веднаш да излеземе од земјата на чудата  можеби  и  преку единствениот излез како што Вие велите-приватизацијата. Јас и сега сум позагрижен од Вас за здравството но уште повеќе ќе се грижам  за сите елементи  во  здравството за кои  ќе одлучувам ако освен знаење вложувам и пари или акции за апаратура, лекови итн. Поголемата моќ ќе донесе и поголема одговорност или помала? Како беше?

Др. Димитар Стровјаноски

 

Дополнување: На  ден 02.02.2010 година, само три дена по објавувањето на овој текст во неделникот „Сега“, авторот без никакво образложение е сменет од началничката функција во велешката болница. 

Хипокризија на власта

by urednik 17.05.2010 07:20:00

Граѓаните се презаситени од популизмот, демагогиите и декларативните заложби на Владата.Скоро четири години се манипулира, се тактизира, демек се преговара, а од сето тоа ништо.Покрај тоа што се игнорираат аргументираните критики од страна на опозицијата, дојде време истото да се прави и со претставниците на меѓународната заедница.И нивните укажувања, препораки и добронамерни совети не се релевантни за власта.
 
Дволичност и лицемерие е на граѓаните да му се ветува евро-атлантска интеграција, а од друга страна да се прави се` за тоа да не успее.Дволичност е да “преговарате” со Грција за реѓавање на спорот со името , а истовремено да излегувате со провокации од типот на отварањето на тезата за антиквизацијата, преименување на аеродромот во Александар Велики, поставување на антички статуи пред Владата, поставување на споменик на Александар Македонски среде плоштадот во Скопје итн.Сето тоа ги поткопа нашите преговарачки позиции и и` остави простор за маневар на Грција, простор за придобивање на симпатиите од членките на ЕУ, простор за зацврстување на нејзините црвении линии.
 
Исто така, хипокризија е и` да поставите Претседател на Државата кој покрај тоа што е обична марионета на Премиерот Груевски, е и неспособен и недоветен за оваа функција.Човекот се наоѓа во длабока хибернација.Едноставно го нема, а ако го има прави гаф.Меѓутоа, што се однесува до Ѓорѓе Иванов треба да се кажат и некои други работи.Имено, тој е еден од АНТИ НАТО ДРУЖИНАТА заедно со неговиот ментор и советник-професорот Светомир Шкариќ.Секој кој студирал правни или политички науки знае колку трибини и колку книги со АНТИ НАТО и АНТИ ГЛОБАЛИСТИЧКА тематика има исковано ДРУЖИНАТА.Нивната идеолошка матрица е за “Mакедонија со неврзаните”.Но не треба да се заборави и тоа мора да се потенцира дека оваа ДРУЖИНА жестоко се спротиставуваше и во секоја прилика го критикуваше и РАМКОВНИОТ ДОГОВОР.За тоа постојат и пижани материјали (токму тоа беше испитната литература по Политички систем чии автори се Иванов и Шкариќ).
 
До сега успеваа да се камуфлираат и пред македонските граѓани и пред меѓународната заедница.Меѓутоа, дефинитивно започна процесот на разобличување на агендата за уништување и пропаѓање на Р.Македонија по секоја основа.Fabula acta est.Нема повеќе простор за КОНЗЕРВАТИВИЗАМ, за ТОТАЛИТАРИЗАМ, за АВТОРИТАРНОСТ и ФАНАТИЗАМ.
 
Конечно перцепцијата на граѓаните почнува да се менува и тоа е добар знак.Добро е граѓаните да сватат и дека платите и пензиите што ги земаат се пари од кредити со висока камата за кои Државата се задолжува секој месец.Добро е граѓаните да сватат дека спомениците и скулптурите не носат леб, а токму тоа е неопходно.ХИПОКРИЗИЈА е преку врзаните за ВЛАДАТА медиуми да велите дека се е мед и млеко, а истовремено граѓаните да страдаат.
 
Меѓутоа апсолутно ја разбираме Владата.Таа е во еуфорија така што не може да ја виде реалноста.Тука проблемот може да се постави вака: или Премиерот неговите соработници го тапкаат по рамо и му велат дека се` е во ред, дека опозицијара е таа што ја претставува лошата состојаба, или, пак, и самиот Груевски е свесен за тоа каде се наоѓа и каде оди Државата, но ниту може, ниту има храброст да признае такво нешто.Во секој случај мислам дека е ова второто.
 
Сето тоа за кратко време ќе излезе на површина.Ќе се распука така што никогаш повеќе нема да може да се состави.Потребна е само една мала иницијална каписла за да ни се случи “Белград 2000”  целиот народ ќе испадне на улиците и морално ( а може и de facto) ќе ја сруши оваа недемократска власт, по многу нешта слична на онаа на Милошевиќ.
 
Власта тоа го знае и затоа е огромен притисокот што го врши користејќи ги сите механизми (читај нелегални) што и се на располагање.
 
За сето ова да заврши што е можно побргу треба заеднички да се погрижиме сите Ние.
 
 

Горан Белевски, член на Централниот одбор на СДММ           

Тековно оценет 4.6 од 10 посетители

  • Currently 4,6/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Оваа Влада што поскоро да си замине!

by urednik 10.05.2010 08:19:00
Да се потсетиме, во1998 година на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ, во чија влада беше и актуелниот премиер Никола Груевски. Република Македонија на економски план почна да тоне, безбедносната состојба почна да се нарушува особено на меѓуетнички план, тогаш владата секојдневно преку медиумите не' убедуваше дека економската состојба е добра, но исто така дека и безбедносната состојба е стабилна, а меѓуетничките односи се “релаксирани” како никогаш до тогаш.

За жал, во 2001 година толку релаксираните меѓуетнички односи кулминираа во воен конфликт. Се разбира и за тоа „имаа“ одговор, конфликтот наводно бил увезен од странство со поддршка на тогашната опозиција. Чудно зар не!

Сега истата таа влада не убедува дека економската состојба е добра, но малку влијаела и светската економска криза, додека безбедносната состојба замислете не е релаксирана туку според нив била ПОД КОНТРОЛА. Повторно преку медиумите владата има одговор, виновна е опозицијата (кој друг?!) се разбира и странски служби.

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ 2001, Оваа влада што поскоро да си замине!

Автор: Јана

Тековно оценет 4.6 од 18 посетители

  • Currently 4,555556/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:


" НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори."

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  февруари 2012  >>
повтсрчепесане
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728291234
567891011

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML