Целта ги оправдува средствата, позната филозофска мисла на Макијавели, но за жал кој како ја разбрал...
Во 2002 година кога СДСМ ја презеде власта од ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија беше на работ на распаѓање, економијата речиси да не постоеше, меѓуетничките односи беа на незавидно ниво, исто така надворешната политика беше мисловна именка, скоро да немавме никакви пријатели во странство. СДСМ по цена на сопствениот рејтинг, а со цел да го врати угледот на Р Македонија, презеде низа мерки и активности за заживување на економијата, подобрување на меѓуетничките односи и создавање на пријатели надвор од земјата подобрувајќи ја надворешната политика, тогаш беше поднесена апликација за членство во ЕУ и САД ја признаа Македонија под нејзиното уставно име.
Во 2006 година кога повторно на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, неговата цел беше по секоја цена да остане на власт што подолго и подолго, користејќи секакви популистички методи и средства. Човекот успеа, неговата цел ја оствари, а Р Македонија за жал повторно потона, економијата замре, нема домашни и странски инвестиции и постојано се зголемува бројот на јавната администрација со негови партиски војници а за да добијат плата тој мора секојдневно државата да ја задолжува дома и во странство со многу високи камати, го изгуби угледот во странство, странските претставници ви РМ ги гледа како непријатели, не им верува, не ги слуша нивните укажувања, не прифаќа никаква нивна помош за доброто на Македонија но ако целта е да остане на власт не се бираат средствата нели...
Неговиот популизам нема граници, придоби неколку новинари и електронски медиуми и истите скапо ги плаќа со пари од народот за саморекламирање. Бесмислено гради непотребни згради и споменици среде Скопје кои чинат неколку стотици милиони евра, на кого му се потребни се разбира целта ги оправдува средствата Груевски и понатаму да остане на власт.
Во сите институции на системот успеа и инсталира свои партиски војници (здравство, судство, војска, полиција и т.н.), со помош на мнозинството во Парламентот донесе многу контроверзни закони кои никогаш нема да се спроведат како што треба односно истите се само во негова функција, ( Законот за јавна чистота, Законот за пушење, Законот за полиција, Законот за следење на комуникациите и многу други).
Полицијата почна да ја користи како своја, наместо да се грижи за безбедноста и имотот на граѓаните тој ја користи за сопствени политички потреби и за остварување на сопствените цели.
Денес Република Македонија стана земја на социјални случаи, економски уништена и задолжена, изолирана од странство а Груевски сеуште е на власт, целта ги оправдува средствата.
На Република Македонија повеќе не и е потребен таков водач, на неа и треба човек кој знае и умее да ја извлече од оваа тешка економска и политичка криза и да внесе во Европа во која секој граѓанин достоинствено ќе може да живее.
Затоа на 27. 06. 2010 масовно да се собереме и да застанеме пред Владата на Република Македонија и јасно и гласно да му кажеме големо НЕ, Не НА ГРУЈОВЕЛИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА.
Груевски безусловно да замине од власт, а за таа цел веќе не треба да се бираат средства...
Јана Костадиноска