Декаденцијата на ВМРО ДПМНЕ

by urednik 31.07.2010 15:47:00

Не треба да сте некој врвен аналитичар или интелектуалец за да утврдите во која фаза се наоѓа владеењето на ВМРО-ДПМНЕ., поконкретно владеењето на Нилока Груевски.Доколку направите една мала анализа и една кратка ретроспектива на некои клучни настани  лесно ќе дојдете до констатацијата дека ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа и во политичка, идеолошка и во внатрепартиска смисла и дека се на залезот од своите “светли моменти”.Политиката сведена на лоши, ad hoc решенија, на владеење со популизам и заплашување рикна.

Што се однесува, пак, до Груевски, тој е сега како рането куче, како што милува да каже нашиот Потпретседател Гордан Георгиев.Каса на сите страни.Видовте што се случи со млекарот Душко Илиевски и неговото семејство.Не случајно го одбраа за мета токму Дуле млекарот од Битола.Пораката на Груевски е јасна и гласна: еве што ќе му се случи на секој кој ќе се обиде јавно да плука против мене.И таа ретро-комунистичка, тоталитарна и гнасна концепција донекаде му вродува со плод.Но, сепак краткорочно.За кратко време се соочи со масовни протести и огромна подршка од граѓаните за Душко Илиевски изразена преку собирање на потписи, осуда од невладини организации, медиуми итн.  

Во последно време се осеќа некое размрдување на колективниот,јавен дух, што секако е за поздравување.Граѓаните не се плашат повеќе.Јавно и гласно го креваат својот глас. Конечно излегоа од онаа состојба на летаргичност и апатија.Се зголемува нивната влкученост во општествено-политичкиот живот.
Тоа е последица на две работи: прво, граѓаните сватија дека има кој да застане зад нив, има кој да ги штити ,а тоа го покажаа на митингот на СДСМ пред владата и второ, граѓаните не  веруваат повеќе на лагите, демагогиите и лажните ветувања на оваа власт (во заминување) , а најмалку, пак, што впрочем и се покажа, на политичките монтировки врз недолжни граѓани. 

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во последно време го тресе една низа од оставки на високи функционери, која мислам дека ќе придизвика домино ефект во сите ешалони од власта, онака, по вертикала одозгора-нанадолу.Е, тоа навистина е тешко да се контролира, бидејќи јасно се гледа дека и самиот Груевски е изненаден од таквите постапки на “неговите”.Имено, тие прво даваат оставка,како што бшее случајот со директорот на Управата за перење пари Ване Цветанов, а утре тој ги разрешува, што е една смешна и детска работа од негова страна.Демек разрешувањето на тој и тој функционер било во план на владата.Меѓутоа,најголема грешка ќе направи Груевски (заедно со фамилијата) ако овој нанос од оставки на високи функционери, кои покрај оставката и го “шлакаат” на прес-конференции за неговиот криминал и корупција, се обиде да го спречи со некои милошевистички методи, како што беше примерот со неговиот ментор Иван Стамболиќ кој го најдоа во јама полна со вар на Дедиње.Тогаш Груевски ќе навлезе во една друга фаза од која тешко ќе може жив и здрав да се извлече.Имено, ако го стори тоа користејќи ги тоталитаристичките методи на Милошевиќ, сигурен сум дека ќе заврши како еден друг диктатор-како Чаушеску.
 
И, ако извршиме една сублимација на горенаведеното заедно со катастрофалната економска ситуација, лошите состојби во здраството и образованието, гломазната и неефикасна администрација, атрофираните институции, незнаењето и несакањето на владата да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО, нерешавањето на спорот со името, носеењето на неевропски закони (Законот за антидискриминација, Законот за води, Законот за електронски комуникации итн.), немањето политички дијалог, притисокот врз медиумите од страна на владата итн. ќе заклучиме дека декаденцијата на политиката на ВМРО-ДПМНЕ води истовремено и кон пропаѓање на Р.Македонија.
Затоа мислам дека ова е ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ  и Никола Груевски.На следните парламентарни избори, вонредни или редовни, сеедно, катастрофално ќе бидат поразени и ќе доживеат дебакл, а нивниот актуелен “МЕЦЕНА” ќе биде поомразен дури и од неговиот претходник-Љубчо Ѓорѓиевски.Македонија со ваква недемократска власт и нарушена репутација надвор ќе биде изолирана.Затоа на Македонија дефинитивно и е потребна нова политичка платформа која нормално ќе се реализира преку нова политичка гарнитура.И тука нема дилема.Таа нова политичка гарнитура ќе биде предводена од СДСМ.
 
   
 
Горан Белевски, член на Централниот одбор на СДММ
  
 
 
 
 
  
 
                                                                      

 

 

 

 

 

Тековно оценет 3.6 од 7 посетители

  • Currently 3,571428/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Жртвите на власта

by urednik 29.07.2010 06:32:00

Драг мој народе, кога бевте на денот за гласање пред гласачките кутии си мислевте дека се ќе биде портокалово и ќе има економска преродба и дека тука ќе завршат вашите маки. Сосема легитимно и очекувано. Но што стана, излезе сосема спротивното, се зададе црната чума, власта ги изневери вашите очекувања и ви донесе само беда, пустош и жртви на сиромаштијата. Почнаа да паѓаат и се редат жртвите од владеењето на оваа ненародна власт како што се:

- Починаа 8 родилки во оваа година;

- Беше прегазен граѓанин од човек на обезбедувањето на братучедот на Груевски;

- Почина Мартина Димитрова бидејќи фондот за здравство одби да го плати нејзиното лекување во Германија;

- Загинаа 15 бугарски државјани со потонувањето на бродот во Охрид и ред други такви случаи предизвикани од власта.

Оваа власт е крвожедна, гладна да има повеќе жртви од сите оние кои не се слагаат со неа и кои ги нарекуваа предавници и преку писма се повикувани на јавен линч до истребување. Еве сега му се намерачија на Душко Илиевски - млекарот од Битола и бараат влакно во јајцето за да го осудат и обезличат, а со тоа да го опоменат секој друг граѓанин дека ако се спротивстави на власта ќе го снајде и него истото. Едноставно му наместија и монтираа судски процес.

Но знаете како вели нашиот народ „ако местиш и се фрлаш од кол на кол, колот ќе ти влезе во задникот”. Така ќе биде и со оваа власт, ќе си го наметне сама колот во задникот па и уште ако се поткрши нема кој да и го извади.

Од раката на Грујо излегоа и негови жртви кои до вчера беа со него, Цветанов и Гацов и уште колку ли ќе излезат се до неговото паѓање. Но, драги мои граѓани од оваа власт на Грујо станавме сите заложници и жртви на сиромаштијата, бедата и пустошот. Затоа освестете се, уште колку ли жртви треба да паднат за да си оди чумата која ни ја растури државата?

Не се секирајте и немој да го жалите Грујо и неговата фамилија, тие добро се нафатираа и спремни им се куферите, но немојте да дозволите да бидат уште многу време оти ќе го натоварат и вагонот, па ќе останеме сите со прстот во устата и после ќе викаме - ајде на здравје нека ни е чивијата.

Ќе речете кој ни ставаше жар на мевот што гласавме за оваа власт да не осиромаши, но сеуште не е касно, има шанса да се спротивставиме на ова лудило и чума што ја зафати цела држава и да си ја спасиме истата.

Затоа не дозволувајте да паѓаат уште жртви од оваа власт.
 
 

Бранко Шемов, член на ЦО на СДСМ

Тековно оценет 3.4 од 8 посетители

  • Currently 3,375/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags: , , ,

Битола се буди од сивилото на оваа власт

by urednik 25.07.2010 06:53:00

Веќе подолго време Битола тоне во сивило кое што оваа власт го наметнува како да им е од корист Битола да  го загуби својот сјај.

Текстот ќе го започнам со краток вовед бидејќи  нажалост некои луѓе веќе подзаборавиле, можеби хипнотизирани од власта, која е вистинската слика за Битола.

Битола конзулски град,град на културата, спортот уметноста, културно економски центар на регионот.  Град во кој од секогаш живееле луѓе со посебен шмек,  космополити со  посебен поглед за сегашноста и визија за иднината. Со Широк сокак по кој од секогаш поминувала европската мода.

Ова не е фалење и не се само празни зборови, вака изгледаше некогаш Битола, но нажалост оваа слика во последните неколку години добива други димензии.

Битола никогаш не била на пониско ниво од денес , шушкаат оние стари Битолчани, а и некои помлади кои власта не успеала да ги хипнотизира.

Ако пред само неколку години Битолскиот народен театар ги собираше сите награди по фестивалите до пред некој месец  истиот тој театар се бореше за опстанок, продуцираше претстави кои беа тотални промашувања без никаков ентузијазам кај актерите и сето тоа само поради лошата политика на оваа власт.

Ако до пред неколку години спортските клубови во Битола водеа Европска битка на терените, денес истите тие клубови водат битка за опстанок во домашните лиги,битолските чкембари препознатливи по својот начин на навивање денес  се само  добро сеќавање за одличните времиња поминати на трибините и единствено што им преостанува е да  се надеваат на подобри времиња.

Ако Битолскиот универзитет секогаш речиси и да беше рамо до рамо со скопскиот, денес е на последното место маргинализиран и заборавен.

Младите битолчани од секогаш биле ентузијасти полни со енергија младешки дух,предводници на своите генерации,денес тие се притиснати од ова бреме на невработеност и сета своја енергија ја насочуваат на погрешен начин притоа не гледајќи подобра варијанта за да променат нешто бидејќи не им се отстапува никаков простор за напредок.

Ако Битола од секогаш била економски центар на регионот денес во Битола едвај да преживуваат неколку фирми во кои нема место за сите битолчани.

А да ќе ја заборавев индустриската зона Жабени е барем на тоа поле сме рамо до рамо со Скопје и едната и другата зона се празни без никакви инвестиции во нив.

И ако продолжам вака да редам не знам дали ќе има крај и можеби ќе се изненадам и самиот себе до кој степен се извртила сликата за Битола. Од град на културата , Битола  за жал се претвори во град во кој владее кичот, град во кој се изгубени моралните и етички вредности, град во кој како да се подзаборави на солидарноста, град во кој како се да се исполитизира и ако не си од владејачката партија како да не постоиш.

Оваа слика знам дека не му се допаѓа на никој, знам дека сите ги измачуваат истите проблеми но некако како да се плашат да го кажат своето мислење.

Денес по којзнае колку време Битолчани покажаа дека почнуваат да се будат, дека хипнозата како да престанала и дека се во што верувале и им прикажувале е лага.

Денес битолчани излегоа масовно на протест и ја покажаа својата солидарност кон едно семејство кое е жртва на политички измонтиран случај.

Денес битолчани се разбудија од еден сон, но дали требаше да се случи ваков нечовечки случај за тој сон да прекине, дали требаше едно типично македонско семејство како семејството Илиевски,  кое чесно се бореше да преживее,  да биде фрлено на колена и да моли за правда,за овај лош битолски сон да заврши.

Сепак Битола заслужува подобро и битолчани знаат да го побараат тоа, ако ова беше почеток  Битола ќе  си го врати вистинскиот сјај и во Битола ќе се живее достоинствено чесно и бес притисоци.


Никола Трајковски
                                                                                                                                

Тековно оценет 4.4 од 9 посетители

  • Currently 4,444445/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags: , , , , , , ,

Пуч врз Собранието или полициска држава?

by urednik 13.07.2010 12:14:00
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на современ модел на полициска организација преку воведување на нови методи на работа на полицијата, јакнење на принципот на владеење на правото и промовирање на заштитата и почитувањето на фундаменталните човекови слободи и права“ – ова е запишано на страна 137 од преродбата во 100 чекори – надградена и проширена со која ВМРО ДПМНЕ победи на парламентарните избори. По четири откако ВМРО ДПМНЕ ја превзема Власта или ако сакате вкупно осум години како Груевски е власт во Република Македонија, ајде да видиме каква е ситуацијата денес.
 
Имавме „инцидент во Собранието“ според едни, а според други упад на извршната во законодавната власт или обид за инсталирање на полициска држава раководена од Груевски и уплашената фамилија на ВМРО ДПМНЕ. Што навистина се случи? На ова прашање, според правилата и прописите, одговор треба да даде анкетна комисија, а фактите кои таа комисија (доколку се формира) ќе ги постави на маса се следните:
 
Прво, во Република Македонија постои Закон за Собрание чиј член 43 многу јасно вели: „Одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на  истакнато место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.“. Понатаму истиот овој член продолжува: „Овластените службени лица на органите на државната управа не можат без одобрение од претседателот на Собранието да имаат пристап во просториите од ставот (1) на овој член “. Дополнително истиот овој член вели: „Носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието“.
 
Второ, ставот 4 од Членот 43 на Законот за Собрание недвосмислено пропишува: „За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на пратениците и надворешни лица кои учествуваат во работата на Собранието одлучува и донесува мерки претседателот на Собранието по претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.“ што во превод значи дека претседателот на Собранието, по претходна координација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, може да побара и дополнително засилување на обезбедувањето, но само кога околностите тоа ќе го побараат.
 
Трето, според официјалните снимки на безбедносните камери поставени во Собранието и сведочењата на присутните пратеници, тој ден пред канцеларијата на координаторот на пратеничката група на СДСМ патролираа (1) неуниформирани лица, (2) без легитимација, (3) наоружани до заби, кои (4) ги снимаа пратениците од редовите на опозицијата додека разговараа со присутните претставници на стечајците во врска со решавањето на нивните барања.
 
Заради фактот што во Собранието се појавија овие „сомнителни“ лица кои вршеа „сомнителни“ активности, а притоа никој од надлежните не беше за ништо информиран следуваше барање од страна на пратеничката група на СДСМ, за разрешување на претседателот на Собранието. За таа цел беше свикана Собраниска седница на која, по расправата, мнозинството одлучи да не го разреши Вељаноски од функцијата.
 
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ на оваа расправа не изустија ниту еден збор во одбрана на Вељаноски, ама затоа во нивниот препознатлив стил изнесоа илјадници лични дисквалификации и небулозни обвинувања за насилство извршено врз неуниформираното лице. Одамна претворено во  гласачка машинерија на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, барајќи одговорност кај сите освен кај Вељаноски, владејачкото мнозинството на пратеници изгласа дека претседателот на Собранието може слободно да продолжи да си ја извршува својата функција онака како што тој си знае и умее.
 
За јавноста останаа неодговорени следните прашања:
 
1. Кој дозволи влегување на вооружени, неуниформирани лица без легитимација во просториите на Собранието на Република Македонија?
 
2. Дали претседателот на Собранието бил информиран од страна на министерката Јанкуловска дека припадници на МВР ќе бидат присутни во собраниските простории?
 
3. Ако бил информиран, зошто не свикал координација со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи?
 
4. Ако не бил информиран, дали ова не е школски пример на упад или пуч на извршната во законодавната власт во Република Македонија извршен по налог на Груевски и Јанкуловска?  
 
Одговорите сеуште ги очекуваме. 
                        

Груевски ја изгуби довербата од младите

by urednik 02.07.2010 10:13:00

„Не можете да ги решите денешните проблеми со сегашниот начин на размислување. Денешните проблеми се токму резултат на сегашниот начин на размислување“

Оваа  Ајнштајнова мисла најверојатно тивко се наметнала и ја разбудила свеста во сите нас. Не отрезнила и ни го разбистрила перцепирањето дека всушност најголемиот наш заеднички проблем е актуелната власт и нејзиниот челник Никола Груевски, а нивната промена на политичката сцена само ќе ја потврди истата.

Протестен митинг 27.06.2010 година. При тргнувањето од родната Битола, заедно со конвој од бројни автобуси, минибуси, автомобили, бев пријатно изненаден од присуството на голем број млади, особено мноштвото непознати ликови чиј ентузијазам дополнително ја покренуваше атмосферата при патувањето до нетрпеливо очекуваната дестинација. Баш сум среќен што токму од мојот град митингот го збогатува толкава младеж – помислив.

Но, кога пристигнавме во нашиот главен град занемев. Замислете, сиот беше обземен од младешкиот дух и младешка енергија. Ги имаше буквално од секое место во нашата држава, а она што посебно радуваше беа нивните насмевнати лица со знаме во раката и гордост во очите. Се препознаваа оние кои за прв пат го доживуваат незаменливото чувство и оние кои се присетуваат на минатите масовни средби од десетици илјади граѓани, со возбуда слушајќи го говорот на лидерот.

Беше јасно! Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ ја загубија довербата од младите. Онаа на која манипулативно и упорно работеа сите овие години.

Младите ја сфатија манипулацијата која сите 4 „преродбенички“ години си поигруваше со нивните чувства и чувствата на нивните родители и нивните најблиски.

Тие увидоа дека постои нешто посуштинско и поважно од цемент и блокови, од бронза и мермер. Постои свет на широки хоризонти и безброј можности, свет кој е толку близу до нас, но со властодршциве далечен и невозможен.

Сфатија дека демократија не е онаа на премиерот, во која секој внимава што прави и зборува, штитејќи ги своите, или работните места на родителите од немилосрдните санкции. Сфатија дека демократија сигурно не е физички напад врз студенти кои кажувајќи ја гласно својата стручност се обидуваат да спречат кардинална грешка и непотребен срам.

Младите осознаа дека патриотизмот, наместо празни зборови наменети за подгревање на нивните чувства, е нешто кое „раѓа“ дела за нивна подобра иднина, иднина во која правдата, демократијата и благосостојбата се основни обележја.

Сфатија дека безбројните отворени факултети, буквално во нивниот двор, единствено се за ќар на партиските новопечени кадри, ја сфатија лажната игра за привидно намалување на невработеноста и последно и, можеби најбезобразно, за спречување на масовното студентско здружување и подигнувањето на социолошкото ниво.

Младите дознаа дека проектот за претприемништво, инициран од агенцијата за вработување, е тенденциозно наменет за „купување“ на нивното презиме и име, бришејќи ги од бесконечниот список на невработени со средства доволни само за лажна надеж.

Забележаа, дека можеби со „подарениот“ закон за увоз на стари возила всушност се прикрива непостоечкиот економски напредок и нискиот стандард, поради кој наместо да се подновиме, мораме да крпариме.

Итн., итн., итн...

Замислете! Нашата власт успешно се користеше со морално и етички недозволиви методи за манипулација и привидна претстава за напредок, но после протестниот митинг во неделата очигледно дека го пренабрегнала времето, ја погрешила нацијата, а богами ја занемарила и младата интелигенција. Ја користам оваа прилика во име на Социјалдемократската младина на Македонија, да им се заблагодарам на сите присутни за дадената поддршка.

МЛАДИТЕ ПРЕПОЗНАА!

Дека наместо потезите кои постојано иницираат антагонизам со останатите етнички заедници, постои еден друг модалитет на соживот и заедништво, во кој сите ние би можеле заеднички да напредуваме и одговорно да ја градиме нашата иднина. Ја препознаа опцијата за победничка Македонија , бидејќи младите се родени да победуваат.

Ја препознаа и секојдневно и се приклучуваат на социјалдемократската младина која доследна на себе покажа храброст и одважност во моментите кога беше најтешко и која потврди дека претставува авангарда која му претходи и му го осветлува патот на младиот свет. Ја промени парадигмата „мочлењето е злато, во, „молчењето е зло“ и јасно и гласно истапи чекор пред другите и го направи нејзиното присуство видливо.

Повторно е гордост да си млад социјалдемократ, да ги споделуваш тие вредности и да се бориш за тие идеали, затоа што денес тоа се единствените фундаменти кои би можеле да го зачуваат нашето општество демократски здраво и одржливо.

Почитувани, веќе е јасно дека столбот на следниот мандат ќе биде довербата од младите, која сите ние треба да ја негуваме и ни случајно да ја изневериме. Нивното присуство на протестниот  митинг покажа дека тие веќе го променија начинот на размислување (Ајнштајновата мисла) и кон своите домови, со исполнето срце се упатуваа говорејќи „ОД ДЕНЕС ВЕЌЕ НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО“.

Александар Кирацовски


" НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори."

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  февруари 2012  >>
повтсрчепесане
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728291234
567891011

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML