Тепаат на избори, во овие 12 години, 8 години владеат и пак плачат. Се е во нив, и каменот и оравот, па дури и лопатите, панделките, ножиците. Не осиромашија, ни го потрошија Буџетот, сега на ред е да ни го земат кислородот од кој дишиме.
За влез во НАТО и ЕУ ич око не им трепнува, така издишени ќе не сотават да мечтаеме како гладна кокошка за просо. Нивните политики се: работи тука во Татковината, плаќај даноци, придонеси, казни, такси, јади еднаш дневно, не размислувај гласно, читај и сонувај портокалово, на ТВ гледај ги Латас, Мирка и Миленко, а за влез во НАТО и ЕУ мало морген.
Ја изолираа државата, се караат со меѓународните претставници, амбасадори, акредитирани во Република Македонија кои ни укажуваат и даваат совети како да се приближиме кон НАТО и ЕУ, но Владата како на инает никако да слушне, како да се нема слух за иднината на државата.
Но, државата е се подалеку од НАТО и ЕУ, економијата опаѓа, демонтиран е демократскиот систем на земјата, расте социјалата, сиромаштијата, меѓуетничките тензии, но Владата на Грујо е тотално грогирана без идеа и слух за доброто на граѓаните.
Го лажат народот, заплашуваат на разни начини, го казнуваат, му бркаат в џеб, тотално ќе го осиромашат па потоа ќе бегаат во соседните земји за да уживаат од плодовите од економската преродба во 100 чекори.
Но и тоа ќе заврши, ами после тоа каде ќе бидете, што мислите дека правдата нема да Ве стигне или Вие сте од Бога дадени да го имате целиот свет?
За ваквата политичка изолација и економска пустош народот е секој ден се посвесен, се буди и осеќа дека се е на негов грб и идните генерации и драстично ќе Ве казни.
Затоа Грујо и твоите преродбеници, времето Ви истекува...
Толку се опивте од власта што сега сите Ви се криви, дури и сопствената сенка. Затоа сум сигурен во едно, дека после поразот ќе избегате подалеку од државата.
Бранко Шемов, член на Централниот одбор на СДСМ