Каде оди Република Македонија?

by urednik 15.06.2010 06:46:00

Во 21 век, едноставно мора да се делува како нормален, рационален и трезвен политичар кој одговара  не само за себе и своите најблиски, туку одговора и’ за една држава, и во таква ситуација ќе мора да се биде свесен што се работи. И како во некоја бизарна бајка,  да видиме што ВМРО-ДПМНЕ од  овие антрополошки карактеристики поседува:

- Ако секој ден устите ви се полни со интегрирањето на државата во Европска Унија;  ако секој ден устите ви се полни со Европа како ваш врвен државен приоритет  а притоа, влегувате со Европа  во конфронтација, тогаш прашањето е логично: „Која е вашата порака што ја испраќате до нив?“; „Што со тоа сакате да им го кажете?“; „Koja e елементарната ориентација на оваа земја?“; „Каде оди оваа земја?“.

Е сега, како некој врв на „политички“ кретенизам, каде власта нема појма што да прави ниту со себеси, а камо ли со државата – во таквата ситуација таа создава некакви „актови“ на одмазда кон нејзините неистомисленици, односно – политичките противници на Груевистичкиот режим!

ВМРО-ДПМНЕ е власт која  го обликува ова друштво со целокупното нејзино владеење – и создава конфликт со сите оние луѓе кои и се’ нeистомисленици, па поради тоа,  нема потреба да ве потсетувам и на јавниот простор кој е преполнет (контаминиран) со „патриотски“ и „предавнички“ глупости? Што можат да и донесат добро на државава „патриотите“ и „предавниците“?  Дали носат нешто добро?  Дали има некаде ваков случај со оцрнување на граѓани  на „патриоти“ и „предавници“?

Како што гледате ВМРО-ДПМНЕ  создава  огромни поделби во општеството, меѓучовечките односи се на катастрофално ниво, а не пак да се зборува за некаков претприемачки дух, забрзано производство или обрт на капитал (увоз-извоз), и во таква ситуација,  сите овие лудила ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им ги продава како врвен европски проект. Тогаш се изведува ново логично  прашање кое е и малку парадоксално и иронично:

„Која е тогаш антиевропската политика на ВМРО-ДПМНЕ?“ – да не мислат некакви тенкови да им испратат во Брисел?

Значи ова е навистина застрашувачко! Ова е бедно и јадно, и така  сите луѓе, за на некаков начин да ги држиш  во заложништво и некаков STATUS QUO, тоа значи дека овие луѓе на чело со нивниот „крал“ имаат изгубено секаква подлога со реалноста а со тоа и  свесно, или несвесно, кој ќе ги знае -  Македонија и нејзините граѓани  си „лебдат во воздух.“

Поради тоа, пораката која сакам да ја испратам до сите граѓани кои се уште се неопределени или се уште се  двоумат – вклучете се во европската политика на СДСМ и не дозволувајте, кусогледи груевистички  „деца“ да го кочат европскиот и цивилизациски потенција на оваа држава.

Ако не сега, кога?

Ненад Јовановиќ,

Член на надзорен одбор и портпарол на ОО на СДСМ, Кавадарци

Бегалци

by urednik 07.06.2010 06:41:00

Тепаат на избори, во овие 12 години, 8 години владеат и пак плачат. Се е во нив, и каменот и оравот, па дури и лопатите, панделките, ножиците. Не осиромашија, ни го потрошија Буџетот, сега на ред е да ни го земат кислородот од кој дишиме.
 
За влез во НАТО и ЕУ ич око не им трепнува, така издишени ќе не сотават да мечтаеме како гладна кокошка за просо. Нивните политики се: работи тука во Татковината, плаќај даноци, придонеси, казни, такси, јади еднаш дневно, не размислувај гласно, читај и сонувај портокалово, на ТВ гледај ги Латас, Мирка и Миленко, а за влез во НАТО и ЕУ мало морген.

Ја изолираа државата, се караат со меѓународните претставници, амбасадори, акредитирани во Република Македонија кои ни укажуваат и даваат совети како да се приближиме кон НАТО и ЕУ, но Владата како на инает никако да слушне, како да се нема слух за иднината на државата.

Но, државата е се подалеку од НАТО и ЕУ, економијата опаѓа, демонтиран е демократскиот систем на земјата, расте социјалата, сиромаштијата, меѓуетничките тензии, но Владата на Грујо е тотално грогирана без идеа и слух за доброто на граѓаните.

Го лажат народот, заплашуваат на разни начини, го казнуваат, му бркаат в џеб, тотално ќе го осиромашат па потоа ќе бегаат во соседните земји за да уживаат од плодовите од економската преродба во 100 чекори.

Но и тоа ќе заврши, ами после тоа каде ќе бидете, што мислите дека правдата нема да Ве стигне или Вие сте од Бога дадени да го имате целиот свет?

За ваквата политичка изолација и економска пустош народот е секој ден се посвесен, се буди и осеќа дека се е на негов грб и идните генерации и драстично ќе Ве казни.

Затоа Грујо и твоите преродбеници, времето Ви истекува...

Толку се опивте од власта што сега сите Ви се криви, дури и сопствената сенка. Затоа сум сигурен во едно, дека после поразот ќе избегате подалеку од државата.

 

Бранко Шемов, член на Централниот одбор на СДСМ

А, што со македонската хипокризија?

by urednik 18.12.2009 09:37:00

Деновиве читавме низ медиумите изјави од шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски за тоа дека грчката политика во однос на проблемот со името и интеграцијата на Балканот во ЕУ е чиста хипокризија. Се поставува прашањето што има лицемерно во политиката на Грција - тоа што си ги штити државните интереси, тоа што знае со каква меѓународна сила и поддршка располага?
Едноставно, не сакам да верувам дека Милошовски ги потценува граѓаните на Македонија со неговата изјава и дали министерот овде сака да ни укаже дека Грција е виновна со некаква си морална осуда дека станува збор за лицемерност - па, Ви се молам!

Зошто Милошоски, Груевски, па и Иванов не престанат да се однесува лицемерно? Зошто не се изјаснат што има поточно зад завесата, зошто државниот врв не излезе со став за позицијата на Македонија? Нели е хипокризија повеќе од три години да не го кажуваш (или да го немаш) државниот став за олку важно прашање?

Замислете колку чудно - САД го знае ставот на премиерот, ЕУ и Грција исто така, само македонскиот народ нема поим кој е ставот на нашиот премиер за решавање на спорот за името, а Милошоски ни зборува за хипокризија. Знаете што е хипокризија? Хипокризија е да не му кажеш на својот народ во кој правец одиш, хипокризија е да зборуваш за разумен компромис, хипокризија е да изјавуваш дека Македонија цело време е посветена на преговорите ама Грција е проблемот и најголема од се хипокризија е да не се изјасниш за својот став и на тој начин му оставиш и простор на граѓанинот да влезе во дебата. Зар не е хипокризија кога едноставно само ќе фрлиш вина некому и со користење на емоционализација од типот чепкање во идентитетот и јазикот на Македонецот ќе градиш рејтинг - е од ова дефинитивно не постои поголема хипокризија. Така, премиерот не е тесто што би го месел секој меѓународниот фактор ама во овој случај македонскиот народ е тестото месено со манипулација, пропаднати проекти, огромна невработеност, слаба економија и сиромаштија. Вие господа сте најголеми хипокрити бидејќи го скративте правото на граѓанинот да учествува во дебатата за името не знаејќи го вашиот став, треба за таква хипокризија да зборуваме.

Сфатете дека никој во Македонија не спори дека Грција работи против нас и не уценува со нашето членство во НАТО и во ЕУ. Сите сме гневни на таквиот однос. Но, само власта која народот ја избира, има мандат и начин како да ја смени ваквата позиција на Македонија и да ги подобри односите со Грција.

И на крај господине Милошовски, во македонскиот јазик има многу поубав збор од зборот хипокризија, а тоа е лицемерност, Ве молам следниот пат употребете го.

 

Ѓорѓи Георгиевски

Работете, не свирете по улици!

by urednik 14.12.2009 11:09:00

Испровоциран од навидум неорганизираните свирења од автомобили низ центарот на Скопје, а по повод укинувањето на визите за граѓаните на Македонија, Србија и на Црна Гора, „спонтано“ таму се појавил и премиерот, кој по повеќе од три години владеење веќе требаше да научи како на државно, а не на партиско ниво се прославува одреден национален успех или достигнување.

Изминативе 18 месеци од сите страни - дома, но и од странство до Владата и до нас граѓаните допира една порака: најдете компромис за спорот и решете го проблемот за името меѓу Грција и Македонија. И таа порака се повторува постојано. Последниов месец ни се повторува секој ден и тоа по неколку пати.

Работете на решавање на спорот до 7 декември! Не чекајте Грција да иницира решавање, туку тоа сторете го вие во Македонија зашто токму ние Македонците сме тие коишто сакаме посветла иднина. Токму нашата земја и нејзините граѓани имаме огромна потреба да станеме рамноправна членка на ЕУ и на НАТО! На Грција и е сеедно, велат нашите пријатели зашто таа е веќе децениска членка во овие меѓународни организации, а нејзините граѓани ги ползуваат сите придобивки од грчкото членство во Унијата. Користат европски фондови, нејзините граѓани можат слободна да работат и рамноправно да студираат во која било друга земја што е членка на ЕУ, немаат никакви пречки во трговијата и во стопанството воопшто.

Тоа се пораките до Владата од нашите пријатели однадвор. Дома, во внатрешната политика го имаме следното: ДУИ и партиите на помалите етнички заедници како коалициски партнери јавно го повикуваат премиерот да најде решение за спорот. СДСМ, но и Нова демократија, ДПА и другите помали партии јасно порачуваат дека Груевски ја има целата нивна поддршка за да истапи, да преговара до решение и конечно да ја внесе Македонија каде што припаѓа - во Европската унија и во НАТО.

Што е заклучокот од сето ова? Математички излегува дека сите партии дома, но и сите пријатели од САД, ЕУ и од НАТО даваат поддршка и се ставаат на располагање на Владата за таа да седне и да постигне компромис, кој ќе значи почнување на преговори со ЕУ и во исто време членство во НАТО. Сите, освен премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Што прави тој заедно со своите најблиски во партијата? Се среќаваат со грчките претставници и само се сликаат со камерите и со фотоапаратите.
А, да, и свират по улиците во знак на поддршка на ослободувањето на визите за туризам. Значи свират, но забораваат дека тоа е одлука, исто така, на ЕУ, а не на нашата Влада. Кога ни ја соопштија оваа вест, европските претставници, а посебно Солана, Рен и Билт од Скопје и Брисел јасно порачаа дека ова е чекор кој ќе ја стимулира власта кај нас да најде решение за спорот за името. Треба да бидеме доблесни и да се потсетиме на тоа!

И пак ќе прашам: што прави премиерот и неговата партија? Свиркаат со автомобили по улиците во центарот на Скопје. Од мојата маленкост, само како граѓанин на Република Македонија ви го давам следниот совет: Автомобилски свирки се случуваат после битни победи по спортски натпревари! Овие свирки лесно можат да се трансформираат во сирени пред Владата и од маса луѓе кои на плоштадот ќе извикнуваат: „Сакаме иднина! Не балканско минато!“.

 

Дејан Краљевски

Каде одиме...?

by urednik 09.12.2009 05:27:00

Веке долго време во фокусот е проблемот со името,ирационален,наметнат...како и да,наш проблем! Проблем кој многу важни работи,одлучувачки за иднината на оваа наша земја ги става во мирување! Решение нема ни на повидок,7 декември е денес,исходот веројатно се знае,уште едно НЕ на развојот и подобрите перспективи на Македонија. Зошто? Е тоа е веке друго прашање!

Не би сакал,но веке морам и да верувам дека некој сака,и намерно ги кочи развојните процеси во оваа земја! Па со право ке прашам,дали „патриотите“ од ДПМНЕ се поголеми патриоти од мене и многу други кои мислат слично? Дали мислат дека јас или било кој друг би се откажал од својата припадност Македонец,од нешто свето?! НЕ! Ни мене не ми е по желба што се наметнал овој спор,но проблемите треба да се решаваат,а на нив треба да им се приоѓа реално! А реалноста е таа,името со географска одредница,и без било какви разговори за други прашања се добро решение! Не идеално,но добро! Впрочем ние и сега во ООН,во графите за јазик и државјанство сме заведени како БЈРМ! Ваков договор би и ги отворил перспективите на оваа земја...ова не е помалку патриотско размислување...напротив гледа подалеку од дневнополитичките и популистичките гледишта на оваа влада.

Но,да го оставиме името малку настрана... Дали оваа влада воопшто има план за нешто во државава?! Во државава никој повеке не говори за економија!(ако ја имаме) Состојбата е благо речено катастрофална на секој план! Државниот буџет е празен,пред секоја исплата на плати и пензии одново се задолжуваме по триесетина милиони,а со тоа си осигуруваме исто толку никаква иднина,како и сегашноста! Казни за полнење на буџетот фрштат на сите страни,1/3 од фирмите се блокираат,и се пишуваат казни од по 20.000 евра кои соборуваат секакви рекорди! А стопанството и без нив едвај се одржува во живот!

Пари нема,но администрацијата се полни,нема ни столчиња колку вработени! Како сме тргнале Македонија ке стане една голема Холдинг компанија за вршење административни услуги! Но,кога на изглед се е така црно,се појави решението на сите проблеми...бања за пензионерите! Зошто на никој ова не му текнало порано ви се молам?! Нема потреба воопшто да се образложува колку е штетно 1,500 000 евра да се потрошат на нешто не толку неопходно,впрочем така сметаат и самите пензионери! Со толкава сума на пари ке се поправат руинираните училишта или болници! Веројатно на дедо ми не му е мило да оди на бања,додека јас,и другите колеги студенти вложуваме труд и напори да постигнеме нешто,да се образоваме,да си помогнеме нам и на нашата земја,но не можеме да си дозволиме лаптоп!

Примери има многу,да се пишува има многу...но ке завршам со прашање,дали е возможно луѓево да се слепи при очи? зар не гледаат кај оди Македонија? Ке се послужам со една изјава од Реган,„Владата не е решение на проблемот,Владата е проблемот!“

 

Б.С авторот е студент

СДСМ дава поддршка за името, а власта го обвинува

by urednik 05.12.2009 15:21:00

Нашава напатена држава е секојдневно во исчекувања, во желби за светла иднина, Европа и слично. Сепак, толку е тоа далеку од дофат. Сите постојано зборуваат за 7 декември и за можностите што ќе се отворат, но кој е виновен за тоа што се' е толку далеку.

Смачено ми е од секаква политика, а земјата тоне и тоне се' повеќе од ден на ден. Клучната пречка барем во овој момент е да имаме решение за името, кое по се' изгледа никој, претпоставувам свесно, од тие што имаат одлучувачка моќ не сака да го реши.

Нешто што барем кај мене како граѓанин ја прелеа чашата е тоа што деновиве власта само ја критикува опозицијата дека опструира, дека и' и помага на Грција, а колку што знам опозицијата и' даде целосна поддршка, што, да бидеме реални, е редок случај.

Јас како граѓанин кој и' даваше поддршка на оваа власт сум разочаран зашто очигледно премиерот не е за преговори и за влез во НАТО и во ЕУ. Нема свој став и постојано ги обвинува другите, сакајќи да ја одбегне одговорноста што му ја носи функцијата. Не знам зошто постојано му е виновна СДСМ кога таа партија по стотипат деновиве му даде насоки како да преговара и што да брани, но тој очигледно не го посакува тоа.

„... нашиот највисок приоритет е зачувување на македонскиот национален идентитет, или уште поедноставно кажано, именувањето на јазикот да биде „македонски“, именувањето на народот да биде „македонски“ кажа Црвенковски пред некој ден. Ова се факти и секој може да ја слушне и види изјавата на интернет. Кажете ми како по ова да продолжам да ја следам политиката и да и' верувам на власта. Во изјавата јасно е кажано дека СДСМ му дава поддршка на Груевски и дека и опозицијата го поддржува, пред самитот на ЕУ, Груевски да се избори за компромис, Но, со зачувување на идентитетот.

Секој, па и најтврдиот популизам, има свој крај и пад како кула од карти, но само се плашам дека падот на моментниот популизам во Македонија ќе биде тогаш кога ќе биде веќе доцна и кога ќе бидеме оддалечени од можноста да се развиваме во рамките на европското и на НАТО-семејството.

Александар Алексовски


" НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори."

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  септември 2010  >>
повтсрчепесане
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML