Официјалниот блог на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нуди можност мислењето на секој граѓанин да биде објавено во форма на коментар или блог пост.
Доколку сакате да биде објавен Вашиот коментар, тоа едноставно можете да го направите преку оставање на порака во просторот за коментари под определен блог пост.
Доколку, пак, сакате да напишете текст кој ќе биде објавен на официјалниот блог на веб страната на СДСМ, истиот треба да ни го испратите на контакт формата на официјалниот блог. Текстовите задолжително треба да бидат потпишани со име и презиме или со прекар, како и јасно да биде нагласено дека прифаќате Вашиот текст да биде објавен на веб страната на СДСМ. Текстот во форма на блог пост ќе биде објавен веднаш по добивањето на одобрение од страна на уредникот на блогот.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Ве охрабрува да пишувате и испраќате коментари и блог постови и на тој начин преку Вашите идеи да придонесете кон креирање на дебата за подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија.
НАПОМЕНА: Блог статиите не секогаш го изразуваат официјалниот став на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и претставуваат лично мислење и став на нивните автори.