Владата нема слух за проблемите на Кавадарчани

by urednik 22.11.2010 08:10:00

Замре еден град, замре една гранка од земјоделието - лозарството. Замреа, се затворија многу дуќани, многу фамилии останаа без својата егзистенција. Кавадарци, град кој порано беше втор во бивша СФРЈ по бруто општествен доход по жител, сега е град на мракот и сиромаштијата, без иднина и така економски пропаднат. Што станува и што иднина ги чека младите генерации кога знаевме и знаеме дека и порано и сега многу ученици и студенти се изучија и завршија школо и факултети од плодовите на лозарството.
 
Кавадарци беше град на гостопримливоста на гости и пријатели од други градови и држави, но сега полека сето тоа умира и Кавадарчани сега велат:  ”Не е веќе време гостин да ти дојде оти нема со што да го пречекаш освен ракија, нема за мезе оти џебот е толку истанчен што ќе се скине.“
 
Каква страшни и срамна негрижа на државата односно владата што не ги помогна лозарите и дозволи од пред нејзините очи да изгине една земјоделска култура - лозарство кое само во Тиквешијата вирее и таму му е поднебјето, каде е многу вложено во него и тоа со лична, сопствена инвестиција на граѓаните - лозари. Ветуваа високи цени на грозјето и не се вратија и како влада 4 години дозволија да останат исти цени и не им помогнаа на лозарите.
 
Освен Фени, ако и лозарството ни го уништите од што ќе живеат граѓаните во Кавадарци, го мислите ли тоа или си го терате ќефот со спомениците и рекламите. Ако веќе сте намислиле да го уништите лозарството, зошто не преземете други економски мерки, односно да се направи некоја капитална инвестиција за Кавадарци за да се вработат луѓето кои ги осиромашивте.
 
Зарем сеуште мислите, драги Кавадарчани, дека оваа влада сакаше и сака да ги решава вашите маки со откупот на грозјето, оти ако сакаше ќе преземеше економски мерки уште пред 6 месеци пред откупот и бербата на грозјето.
 
Каде сте Кавадарчани, каде се Вашите реакции, Вашиот револт и протест да го изразите пред владата, надлежните институции, кој Вас толку Ве исплаши, од што се плашите, што повеќе можат да ви земат од тоа “сиромашко” што го имате? Вашето молчење, Вашата немоќ, непреземање иницијативи и одговара на оваа влада бидејќи има други поважни интереси и бизниси (тендери, реклами, музеи, споменици итн.) отколку да ги решава Вашите проблеми.
 
Денес Кавадарци е град со празни улици, дуќани, празни кафеани, локали, тоа е денешната реалност и живот во градот на виното и грозјето. Нема перспектива, нема живост и само се гледаат облаци од чадови, се чувствува мирисот на комиње, се надзираат бездната и понорот.
 
 
 
Бранко Шемов

Кавадарци

Тековно оценет 2.8 од 15 посетители

  • Currently 2,8/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags: , , , , , , , ,

Поврзани коментари

Коментари

Додади коментар


 

  Country flag

[b][/b] - [i][/i] - [u][/u]- [quote][/quote]





Преглед во живо

17.05.2012 20:57:00

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  мај 2012  >>
повтсрчепесане
30123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031123
45678910

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML