Почитувани ова Ви го пишувам затоа што оваа влада отиде предалеку со законите немајќи ја во предвид уставноста.Оваа влада донесе многу закони кои паднаа на уставен суд , од овде ке донесеме заклучок дека владата нема појма како се донесуваат закони.
Законот за пушење е антиуставен закон. Водејки се по Уставот на Република Македонија граѓаните на оваа држава треба да ги уживаат нивните слободи и права. Па каде се слободите и правата на пушачите?
Исто така овој закон води кон многу важен заклучок.
Владата на Република Македонија на чело со премиерот Груевски ја изманипулира целата држава со стапувањето на сила на овој закон. Во почетокот на оваа година Буџетот на Република Македонија поцна да снемува пари , односно беше тотално исцицан од бикот во Скопје и другите негови роднини.
Сите ние се прашуваме од каде пари во оваа држава да во голема економска криза гради споменици и планира проект за кој требаат многу пари Скопје 2014.Одговорот можеме да го најдеме во законот за пушење. Се пишуваат драстично големи казни со кој Буџетот на Република Македонија собира пари за Скопје 2014. Г-дине Груевски, дали ќе се чуствувате како Бог ако сите потклекнат на вашиот закон?
Последно е тоа што г-дин Груевски се извади со тоа дека овој закон бил Европски закон. Да , беше кога во Европа беше барокот на мода, па можеби затоа ќе се гради барок стил во Скопје. Но сега веќе не, овој закон го нема никаде освен во нашата мила и напатена, изолирана, антиуставна Барок Македонија.
Ристе Ѓорѓијев