Во светот на бајките

by urednik 31.03.2011 07:27:00

Основно и средно образование завршува во Скопје, и се разбира со сите 5ки, уште како мал пројавил афинитети на лидерство, организација и стручна спрема. На универзитетот во Битола го  комплетира своето високо образование, студирајќи во Македонија, можам да речам егзотична средина кон неговото интелектуално ниво се надградија и локалните вештини и кабадајчарски манири.

Има напишано и неколку книги, магистрирал во Скопје и бил претседател и основач на на боксерската федерација на РМ... Доколку продолжел да делува во оваа сфера сигурно ќе основал UFC на балканско ниво и се разбира К1 и слободно ќе му париравме и пркосевме на светот. Но овај вид на делување е прекинат бидејќи неговите тупаници се насочени на друго место, фигуративно кажано, не сакам да бидам погрешно разбран, тој на никого не му се плаши освен  од еден човек кој за жал камерите на медиумите ретко го имаат во кадар и неговото име е изгубен симбол низ една граматичка синтакса.

Но да се вратиме на нашата тема, летото господово 2006 на парламентарните избори победува една страшно конзервативна и десно ориентирана партија меѓу другото составена од патриоти маченици од комунистичката ера (не знам на која земја колку што е запознаен авторот ние имавме социјалистичко уредување) и нашиот херој е избран за лидер на новата извршна власт во нашата земја и се докажува во вистинска смисла на зборот како извршител. Тој како шеф на екипата која лично ја зачна врз непосредна негова способност  од различни претходни објекти во политичкото делување креира политички субјекти  доволно моќни да се справат  со сите  интерни и екстерни непријатели на нашата татковина. Тој креира патриотски, да се изразам во холивудски стил, суперхерои кои неуморно работат 24/7, работат и само работат чиста среќа што тие имаат  натприродни моќи и никогаш не се уморни, сепак е дојдено до мал пропуст како и кај секоја машинска единка на една голема извршна машина, тие немаат време за уживање, пропуст кој се надевам дека иднина ќе биди елиминиран.

Работејќи тие така направија многу за оваа земја, во буквална смисла ја препородија, ја изобличија осиромашија, поделија, отапеа само во неколку чекори. Мотивационата реченица на оваа банда, се извинувам група, гласи “ИЗРОДБА ВО ДВОЧЕКОР”. Меѓутоа како секоја спортска дисциплина така и оваа има свои падови на кондиција така да и овие наши млади атлетичари, зошто кој и да е, да изгради толку спортски сали, објекти и секаде да си присутен со лопата в рака, е драги мои тоа не е лесно. Покрај тоа што треба да имаш силна подлактица (која во нашиот случај е наследна) треба да имаш и добар фат на стапот-дршката и енергија да го кренеш високо онолку колку што е потребно, не е чудно, секоја работа си има своја филозофија.

Интересно за овај наш лик е тоа што беше на обуки за диктатура во една африканска земја, се разбира по сопствена иницијатива. Тука лично ја увиде објективната состојба и субјективната моќ на диктаторските можности и сфати дека тој дома е ист, дури и постигнал повеќе од условно речено неговиот ментор. И одма реципроцитет ученикот стана учител, самурајска класика, и сега веќе ученикот го признава нашето име и дело!

По неговото враќање во земјата и неговото стекнато знаење таму спроведува уште неколку реформи и конечно по неколку месеци добива дозвола од неговата суета да зграби еден сон (2-3 саати). И како што вели народната од спиење нема спомени, така и нашиот лик рипа од кревет бидејќи сонувал прекрасен сон, опозицијата ќе го напушти парламентот и тој замислете ќе биде сам во Собранието. Така тој се измил лице се дотерал и пешки на работа си тргнал. Кога излегол на улица пред него се приближи една црвена непозната форма на два спрата и некој му свирнал, кога гледа внатре неговите извршни моќници среќни се возат во урбаното чудовиште на два спрата со сомнително кинеско англиско потекло. И тогаш му светнало дека тоа е неговиот подарок за градот Скопје и за неговите жители да можат побрзо да се снајдат низ урбаната џунгла и дека овај машински монструм ќе направи поголем хаос од неговиот претходник и така тој весело заедно со неговите другари свиркајќи итаа кон замокот на неговото кралство. Стигнува пред замокот се поздравува со мермерните фигури и ја слуша прекрасната вест опозицијата навистина го напуштила парламентот, конечно транзиционите злобници виновни за секоја необјаснета општествена или природна појава во Македонија ги нема! Тоа зачи девијантно однесување на секој потчинет.

И веднаш потоа се случи на доручекот кај претседателот Обама, нашиот моќен претседател замислете Обама пробал да се поздрави со него меѓутоа тој бил толку многу зафатен и спортски му намигнал на Обама. Тоа станало гест кое премина во култно однесување во светот,милиони следбеници се појавиле по социјалните мрежи и во стварност тоа станало гест сто ги занемарил сите такви феномени во последните 100години.Меѓутоа кога си фаца си фаца можеш да направиш и најмал гест кој ќе наиде на воздишки кај пошироката јавност. После овај гест на покана на следбениците на ова движење генерирано од нашиот претседател е поканет и нашиот лик највисокиот врв на Американската администрација го пречека и милиони фанови исто така. Таму тој е пофален за неговото успешно делување и тука тој му открива една тајна само за ваша информација нашиот претседател јас го научив да намига. Меѓутоа за да не дојди до уште  поголемо катаклизмичко однесување  на светската јавност кон овај тип на гестикулација сето тоа е скриено и премолчено од страна на американските капиталисти. Така тој се враќа во своето кралство и се решава да оди на избори незадоволен од она што му го рекле таму и премолчиле.

Изборите се одржале, повторно победи, сите се сликале со него и во центарот на нашата престолнина поставен е 100 метарски споменик од него тој станал бог ја достигнал апотезата ја доживеал својата лична трансформација од човек во бог тој е толку моќен  и храбар.......Телефонот ѕвони, „Никола станувај“ се слуша некој женски глас, нашиот лик ги отвора очите целиот испотен и потресен од неговиот сон, ја вика неговата жена и ја прашува „која година сме?“, таа одговара „2011“, „кој е на власт?“ таа повторно одговара „СДСМ“.... „оди жено, ако не ти, јас ќе си подлегнам уште малце“.

Тома Томовски, СДММ - Битола

Тековно оценет 4.4 од 29 посетители

  • Currently 4,448276/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags: , , , , , , , , , , , , , ,

Поврзани коментари

Коментари

Додади коментар


 

  Country flag

[b][/b] - [i][/i] - [u][/u]- [quote][/quote]





Преглед во живо

17.05.2012 20:57:54

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  мај 2012  >>
повтсрчепесане
30123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031123
45678910

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML