- А бре, овој Грујо уште блада, вели дека имало светска криза и дека таа е крива, а не Тој, а кој е крив за нашата сиромаштија и беда?
- На неговата Сител 10 минути зборуваше за светска криза и тоа округло па на ќоше, ама никако да признае дека е Тој виновен за нашава државна криза.
- Го трошиш Буџетот, земаш странски кредити со високи камати, правиш споменици и цркви и правиш криза со што го осиромашуваш граѓанинот до даска.
- Нема криза во Македонија, ама има градска плажа и Грујо не дојде на митингот, ама се слика пред плажата без купаќи.
- Скаран е со бројките околу митингот и не знае колку народ дошол, но тој народ што дојде на митингот ќе му го докара умот.
- Неговите телохранители натепаа новинар на ТВ Ера и створија новинарска криза.
- Е, сега народе после 27 Јуни нема да се плашите и треба да ги преземете работите во свои раце и да му кажете збогум на властодршците.
- Дури сега Грујо каде ќе бегаш, и 100 на саат да трчаш пак ќе те стигне казната на народот!!!
Бранко Шемов