Драг мој народе, кога бевте на денот за гласање пред гласачките кутии си мислевте дека се ќе биде портокалово и ќе има економска преродба и дека тука ќе завршат вашите маки. Сосема легитимно и очекувано. Но што стана, излезе сосема спротивното, се зададе црната чума, власта ги изневери вашите очекувања и ви донесе само беда, пустош и жртви на сиромаштијата. Почнаа да паѓаат и се редат жртвите од владеењето на оваа ненародна власт како што се:
- Починаа 8 родилки во оваа година;
- Беше прегазен граѓанин од човек на обезбедувањето на братучедот на Груевски;
- Почина Мартина Димитрова бидејќи фондот за здравство одби да го плати нејзиното лекување во Германија;
- Загинаа 15 бугарски државјани со потонувањето на бродот во Охрид и ред други такви случаи предизвикани од власта.
Оваа власт е крвожедна, гладна да има повеќе жртви од сите оние кои не се слагаат со неа и кои ги нарекуваа предавници и преку писма се повикувани на јавен линч до истребување. Еве сега му се намерачија на Душко Илиевски - млекарот од Битола и бараат влакно во јајцето за да го осудат и обезличат, а со тоа да го опоменат секој друг граѓанин дека ако се спротивстави на власта ќе го снајде и него истото. Едноставно му наместија и монтираа судски процес.
Но знаете како вели нашиот народ „ако местиш и се фрлаш од кол на кол, колот ќе ти влезе во задникот”. Така ќе биде и со оваа власт, ќе си го наметне сама колот во задникот па и уште ако се поткрши нема кој да и го извади.
Од раката на Грујо излегоа и негови жртви кои до вчера беа со него, Цветанов и Гацов и уште колку ли ќе излезат се до неговото паѓање. Но, драги мои граѓани од оваа власт на Грујо станавме сите заложници и жртви на сиромаштијата, бедата и пустошот. Затоа освестете се, уште колку ли жртви треба да паднат за да си оди чумата која ни ја растури државата?
Не се секирајте и немој да го жалите Грујо и неговата фамилија, тие добро се нафатираа и спремни им се куферите, но немојте да дозволите да бидат уште многу време оти ќе го натоварат и вагонот, па ќе останеме сите со прстот во устата и после ќе викаме - ајде на здравје нека ни е чивијата.
Ќе речете кој ни ставаше жар на мевот што гласавме за оваа власт да не осиромаши, но сеуште не е касно, има шанса да се спротивставиме на ова лудило и чума што ја зафати цела држава и да си ја спасиме истата.
Затоа не дозволувајте да паѓаат уште жртви од оваа власт.
Бранко Шемов, член на ЦО на СДСМ