Во 21 век, едноставно мора да се делува како нормален, рационален и трезвен политичар кој одговара не само за себе и своите најблиски, туку одговора и’ за една држава, и во таква ситуација ќе мора да се биде свесен што се работи. И како во некоја бизарна бајка, да видиме што ВМРО-ДПМНЕ од овие антрополошки карактеристики поседува:
- Ако секој ден устите ви се полни со интегрирањето на државата во Европска Унија; ако секој ден устите ви се полни со Европа како ваш врвен државен приоритет а притоа, влегувате со Европа во конфронтација, тогаш прашањето е логично: „Која е вашата порака што ја испраќате до нив?“; „Што со тоа сакате да им го кажете?“; „Koja e елементарната ориентација на оваа земја?“; „Каде оди оваа земја?“.
Е сега, како некој врв на „политички“ кретенизам, каде власта нема појма што да прави ниту со себеси, а камо ли со државата – во таквата ситуација таа создава некакви „актови“ на одмазда кон нејзините неистомисленици, односно – политичките противници на Груевистичкиот режим!
ВМРО-ДПМНЕ е власт која го обликува ова друштво со целокупното нејзино владеење – и создава конфликт со сите оние луѓе кои и се’ нeистомисленици, па поради тоа, нема потреба да ве потсетувам и на јавниот простор кој е преполнет (контаминиран) со „патриотски“ и „предавнички“ глупости? Што можат да и донесат добро на државава „патриотите“ и „предавниците“? Дали носат нешто добро? Дали има некаде ваков случај со оцрнување на граѓани на „патриоти“ и „предавници“?
Како што гледате ВМРО-ДПМНЕ создава огромни поделби во општеството, меѓучовечките односи се на катастрофално ниво, а не пак да се зборува за некаков претприемачки дух, забрзано производство или обрт на капитал (увоз-извоз), и во таква ситуација, сите овие лудила ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им ги продава како врвен европски проект. Тогаш се изведува ново логично прашање кое е и малку парадоксално и иронично:
„Која е тогаш антиевропската политика на ВМРО-ДПМНЕ?“ – да не мислат некакви тенкови да им испратат во Брисел?
Значи ова е навистина застрашувачко! Ова е бедно и јадно, и така сите луѓе, за на некаков начин да ги држиш во заложништво и некаков STATUS QUO, тоа значи дека овие луѓе на чело со нивниот „крал“ имаат изгубено секаква подлога со реалноста а со тоа и свесно, или несвесно, кој ќе ги знае - Македонија и нејзините граѓани си „лебдат во воздух.“
Поради тоа, пораката која сакам да ја испратам до сите граѓани кои се уште се неопределени или се уште се двоумат – вклучете се во европската политика на СДСМ и не дозволувајте, кусогледи груевистички „деца“ да го кочат европскиот и цивилизациски потенција на оваа држава.
Ако не сега, кога?
Ненад Јовановиќ,
Член на надзорен одбор и портпарол на ОО на СДСМ, Кавадарци